Рома е во преговори со Арсенал за да го ангажира играчот од средниот ред Хенрих Мхитарјан, тврди Скај Спорт.
Иако трансфер прозорецот во Премиер лигата е затворен уште на 8 август во многу европски земји, вклучувајќи ја и Италија, играчи може да се купат до крајот на денешниот ден.
Мхитарјан не се наигра на „Емирати“ во последниве две сезони, па сега би можел да помине една сезона на позајмица во Рома, која донесе дури девет играчи за време на овој летен трансфер период.
Ако Ерменецот се договори би можел да биде десеттиот новајлија во дресот на „волчицата“.