Author: saso

Денеска во Собранието на Р. Македонија беа доделени годинешните државни награди „8 Септември“ за посебни остварувања во спортот. Како што и пред извесно време објавивме, годинешни добитници на наградата се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал) како и д-р Слободан Николиќ. Посебна награда за животно дело му беше доделена на Драган Стојановски, првиот човек на Карате федерацијата на Македонија, човек кој долги години е прв човек на македонското карате и најзаслужен за успехот на федерацијата, но и за условите и третманот на македонските каратисти. Покрај специјалните признанија, добитниците ќе добијат и еднократна парична награда во висина од…

Read More

На 38 години, Самуел Ето оди во пензија. Камерунецот реши да и стави крај на својата фудбалска кариера. Цели 22 години играше фудбал и освои многу трофеи во клубовите каде што настапуваше. Кариерата ја започна во Реал Мадрид, по што постојано беше позајмуван во мали клубови. Играше за Легањес, Еспањол и Мајорка, а за „кралевите“ одигра само шест натпревари во сите конкуренции. Барселона го купи во летото 2004 година и со Каталонците освои четири шампионски титули во Ла Лига и две титули во Лигата на шампионите. Во 2009 година замина во Интер, со кој стигна до „триплета“ во сезоната 2009/2010.

Read More

Ракометарите на Вардар попладнево од 16:15 часот во Запорожје го играат вториот меч од новата сезона во СЕХА лигата. Европскиот шампион гостува кај новајлијата во регионалната елита, Мотор, кој ќе го дочека ослабениот тим на „црвено-црните“. Имено, Вардар замина на своето прво гостување во новата сезона без голманот Калифа Гебдан поради проблем со визата, а во Скопје остана и Сташ Скубе. Словенечкиот плејмејкер исто така не настапи со Пекинг во вторникот, па ќе мора да го прескокне и денешниот меч.

Read More

Одличен кам-бек на Нејмар во дресот на бразилската фудбалска репрезентација на синоќешниот контролен меч со Колумбија. дуелот заврши нерешено 2-2, а фудбалерот на ПСЖ утринава покажа дека е во одлична форма. Прво центрираше од корнер во 19-тата минута, по кој Касемиро погоди со глава за 1-0. Потоа откако Колумбија го сврте натпреварот во своја полза благодарение на двата гола на Луис Муриел, Нејмар ги постави и конечните 2:2 со погодокот во 58. минута.

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се избори за место во финалето на УС Опен, откако утрово во три сета беше подобар од Беретини од Италија. Шпанецот славеше со 7:6, 6:4, 6:1 за 2 часа и 40 минути игра против 25. на АТП листата. По средбата надал рече дека во мечот за трофејот го добил најсилниот можен противник, Медведев, кој во второто полуфинале беше подобар од Димитров од Бугарија. „Медведев зад себе има прекрасно лето. Победи во Синсинати, играше во финалето во Монтреал и Вашингтон, а сега и тука. Ова лето го игра најдобриот тенис во неговата кариера, па затоа тој е…

Read More

Изненадувањето на стартот на денот на СП во Кина го приредија кошаркарите на Чешка, кои успеаја да го совладаат Бразил со 93-71 и со тоа да дојдат на чекор до четврфиналето на Мундобаксетот. Чесите и денеска го имаа одлично расположениот Саторански кој за близу 30 минути на паркетот постигна 20 поени, а одлична партија имаа и Балвин (15) и Ауда (14) кои не им оставија шанса на Бразилците да се надеваат на успех. Австралија, пак во последна четврфтина го скрши отпорот на Доминиканската република и стигна до победа од 82:76, Фантастичниот тандем Ландли – Милс во последната четвртина и ја…

Read More

Турција загубија од Чешка со 91:76 и со тоа не успеаја да се пласира во главната фаза на Мундобаскетот во Кина. Во одлучувачкиот меч за второто место во групата, Турците прикажаа лоша игра и на крајот мораа да се помират со пораз. Фантастичниот Хрубан со 18 поени беше предводник на Чесите во победата, а одличен меч имаше и Балвин кој постигна 17 поени. Кај Турција единствен расположен беше охриѓанецот Џеди Осман со 24 поени. Денеска Бразил стигна и до третата победа во групата совладувајќи ја Црна Гора, а победи досега обезбедија и Германија и Канада РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО Канада…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Претседателот на комисијата за доделување на наградата – „8 Септември“ во областа на спортот, Ленче Алексовска – Величковска, денеска имаа средба со новинарите. На истата беа презентирани добитниците на оваа престижна награда за посебни остварувања и успеси во спортот и за афирмација на нашата земја во меѓународни рамки. Годинешни добитници на наградата се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал) како и д-р Слободан Николиќ. Посебна награда за животно дело ќе му биде доделена на Драган Стојановски, првиот човек на Карате федерацијата на Македонија. Доделувањето на наградите „8…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра петтиот квалификациски меч за ЕП 2020. Наш противник е фудбалска селекција на Израел. На дуелот кој стартува од 20:45 часот во Бер Шева, очекуваме многу подобро издание од последните два меча во Скопјe и поразите од Полска и Австрија. Македонија има полош меѓусебен скор со Израел, но знае како се победува и на гости, бидејќи пред две години на теренот во Тел Авив успеавме да ги совладаме со 1:0. Вечерва по се изгледа Горан Пандев поради повреда нема да настапи за нас, а добра вест е враќањето на Адеми. Натпреварот меѓу Израел и Македонија…

Read More

Данило Фелисано де Мораес, најстариот син на бразилската легенда Кафу починал вчера на 30 годишна возраст. Како што објавија медиумите, смртта го затекла со друштвото во близина на неговиот дом во Сао Паоло додека играле фудбал. 30 годишниот Данило бил итно пренесен во Болница каде била констатирана смрт поради срцев удар.

Read More