Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра петтиот квалификациски меч за ЕП 2020. Наш противник е фудбалска селекција на Израел.
На дуелот кој стартува од 20:45 часот во Бер Шева, очекуваме многу подобро издание од последните два меча во Скопјe и поразите од Полска и Австрија. Македонија има полош меѓусебен скор со Израел, но знае како се победува и на гости, бидејќи пред две години на теренот во Тел Авив успеавме да ги совладаме со 1:0.
Вечерва по се изгледа Горан Пандев поради повреда нема да настапи за нас, а добра вест е враќањето на Адеми. Натпреварот меѓу Израел и Македонија ќе се игра во Бер Шева на стадионот „Јаков Тарнер Тото“ кој има капацитет од 16.000 гледачи.