Author: saso

Баерн Минхен ја совлада белградската Црвена Звезда на „Алијанц арената“ синоќа со 3:0, а стрелецот на еден од погодоците, Роберт Левандовски, достигна уште еден рекорд. Имено, Полјакот стана единствениот играч кој успеал да постигне гол во воведниот натпревар од Лигата на шампионите четири сезони едноподруго. Покрај тоа, за Левандовски, овој гол беше 200-ти за Баерн на сите турнири. За ова остварување, на 31-годишниот фудбалер му беа потребни 249 натпревари.

Read More

Крилниот фудбалер на ПСЖ, Анхел Ди Марија синоќа постигна два гола на мечот против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид со што стана само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал два гола на еден натпревар против гигантите од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид. Претходно, само Шевченко и Марио Жардел можеа да се пофалат со вакво достигнување. Ди Марија постигна два гола против Барса во сезоната 2016/17 – во победата од 4-0 во четвртфиналето и вчера два гола против Реал во воведниот меч од новата сезона. Ди Марија стана и вториот Аргентинец кој постигнал гол и против Барса…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, по победата над Реал Мадрид со 3:0 во 1. коло од Лигата на шампионите, изјави дека отсуството на Нејмар, Мбапе и Кавани, било дополнителен мотив за неговите фудбалери на синоќешниот дуел со Реал (М). „Денес игравме како тим и сите момци одиграа одлично. Не е лесно да се игра на високо ниво за само три дена, но вечерва покажавме дека можеме да го сториме тоа. Кога сме без Нејмар, Мбапе и Кавани има и свои придобивки за нас, затоа што тогаш не не сметаат за фаворити, другите играчи се ослободени психолошки и почнуваат да покажуваат…

Read More

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија направи голем чекор кон осминафиналето на Европското првенство, откако со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата „Ц“. Нашите одбојкари направија вистинско чудо ја замолкнаа „Стожице“ и се радуваа на резултат кој треба да не однесе во следната фаза на шампионатот. Маестрално го отворивме мечот и држевме одличен ритам против силната домашна селекција. Го освоивме првиот сет на разлика, иако претходно имавме неколку сет топки. Слично беше и во вториот сет, Дојдовме до 24-от поен и имавме навистина дури 7 сет топки за 2:0, за конечно да…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Работник не успеаја да се израдуваат на дебитантска победа и во Лигата на шампионите. Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „фармацевтите“ во драматичен и неизвесен дуел загубија минимално со 30-29 од португалски Спортинг. Во првиот дел, битолчани имаа предност од 16:15, но во вторит дел Спортинг успеа да направи разлика, која умешно ја сочува до самиот крај и ја прокнижи првата победа во ова натпреварување. Остроушко со 5 погодоци беше најефикасен во редовите на Еурофарм Р.  кој веќе в среда гостува во Шведска кај Савехоф.

Read More

Кошаркарската репрезентација на Шпанија е новиот светски кошаркарски шампион. Во големото финале на СП во Кина, Шпанците беа подобри од годинава фантастичната Аргентина со убедливи 95:75 и по повеќегодишна пауза, повторно се искачија на светскиот трон. Иако очекувавме многу понеизвесно финале, аргентинците имаа големи проблеми со шутот, и уште во првиот дел им дозволија на Шпанците да се одлепат. Разликата успешно ја менаџираа до крајот на мечот, иако на моменти „гаучосите“ се чинеше дека ќе успеат да дојдат до поднослива негатива. Рики Рубио со 20 поени беше најдобриот поединец во Шпанија, Љуљ постигна 15, Гасол 14. Убедливо најдобар кај Аргентина…

Read More

Со победата на Академија Пандев над Ренова од 2:0 вчера почна 5. коло од домашното фудбалско првенство. Денеска на програмата се преостанатите дуели од тековното коло. Интересно, наместо дерби на врвот, денешниот дуел во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Работнички ќе биде своевидно дерби на дното. Интересно треба да биде и во Скопје каде Вардар  ја пречекув Струга Трим Лум и сака да ја продолжи победничката серија. Македонија ЃП ќе игра дома против екипата на Борец и секако има амбиции да ја продолжи победничката серија. Во последниот меч Шкупи на Чаир со нов тренер го пречекува Силекс. ПМФЛ – 5.…

Read More

Европскиот шампион Вардар денес ја започнува одбраната на титулата во најсилното европско натпреварување – Лигата на шампиони. Интересно е што веќе трета година по ред во првото коло „црвено-црните“ тргнуваат против Монтпелје. Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните”. затоа што веќе имаат пет победи на последните 7 меѓусебни дуели. Сепак, оваа сезона Вардар е во променет состав, со нов тренер, и се уште ја бара својата оптимална форма. Сепак вардарци се оптимисти и се надеваат на стартен успех во Франција. Словенецот во „црвено-црниот“ дрес, Сташ Скубе во пресрет на денешниот меч вели:…

Read More

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, најверојатно нема да го преживее СП во Кина. Имено, според сите информации кои доаѓаат во Србија, тој го завршува својот селекторски дел веднаш по завршувањето на првенството во Кина. Игор Кокошков, главниот асистент во стручниот штаб на Сакраменто, се споменува како прв фаворит за нов селектор на српската репрезентација. Мечот на Србија против Чешка денеска најверојатно ќе биде и  последен за Ѓорѓевиќ бидејќи со него му завршува договорот со Федерацијата.

Read More

Кошаркарите на САД со победа се простија од Мундобаскетот во Кина. Во мечот за 7. место, утрово составот на Грег Попович ја совлада Полска со 87-74 и на крајот финишираше на 7. позиција во мундијалскиот ранкинг. Американците беа фаворити за златниот медал на Мундобаскетот, но целосно разочараа со нивниот настап. Денешнаѕа победа беше главно дело на Донован Мичел, кој постигна 16 поени, додека 14 поени додаде Џо Харис.

Read More