Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, најверојатно нема да го преживее СП во Кина. Имено, според сите информации кои доаѓаат во Србија, тој го завршува својот селекторски дел веднаш по завршувањето на првенството во Кина.
Игор Кокошков, главниот асистент во стручниот штаб на Сакраменто, се споменува како прв фаворит за нов селектор на српската репрезентација. Мечот на Србија против Чешка денеска најверојатно ќе биде и последен за Ѓорѓевиќ бидејќи со него му завршува договорот со Федерацијата.