Author: saso

На проблемите на Милан никако да им дојде крајот. Откако го загубија големото градско дерби со Интер, сега во пресрет на средбата со Торино во четврток, Марко Џампаоло има нов играчки проблем. Бразилскиот играч од средниот ред, Пакета, се повреди на последниот меч влегувајќи во второто полувреме и сигурно нема да се опорави до дуелот со „биковите“ од Торино. Пакета има повреда на десниот бутен мускул и денес ќе помине низ специјалистички прегледи за да се добие појасна слика за времето на закрепнување.

Read More

Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, беше прогласен за најкорисен играч на мечот од Суперкупот на Шпанија кој синоќа му припадна на кралскиот клуб од Мадрид. Аргентинецот постигна 16 поени, направи 5 скока и додаде 5 асистенции. Реал Мадрид ја победи Барселона со 89:79 (21:20; 27:13; 21:30, 20:16) и успеа и втора година по ред да го освои овој вреден трофеј на стартот на новата сезона. За Реал Мадрид, оваа победа во Суперкупот беше петта во историјата.

Read More

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, не го криеше своето разочарување од настапот на „црвените ѓаволи“ и поразот кај Вест Хем. „Не знам од каде да започнам. Тажен сум и шокиран од тоа колку беа лоши. Може да изгубите натпревар, но без да покажете квалитет, амбиција, карактер и без лидер… Долг пат има Манчестер Јунајтед за да се врати назад“, заклучи Кин.

Read More

Реал Мадрид, конечно, може да дише нормално. Синоќа по победата над Севиља во дербито на колото, момците на Зинедин Зидан ги смирија страстите по убедливиот пораз во Париз во 1. Коло од Лигата на шампионите. „Среќен сум и задоволен сум. Нашата игра отвори многу прашања, но одигравме многу квалитетно во сите 90 минути. Мора да им честитаме на сите играчи, на целиот тим. Ова е наша заедничка победа”, рече Зидан, видно  задоволен. „Тактички, одигравме многу квалитетен натпревар. Тимот покажа карактер. Играчите се поддржуваа едни со други на теренот, дадоа се од себе за да ги заслужат овие три бода. Клучен…

Read More

Крилото на Вардар, Иван Чупиќ, и бекот на еурофарм Работник, Ловро Јотиќ, се најдоа во изборот на идеалните „7“ на 2. Коло од Лигата на шампионите. Чупиќ ги предводеше „вардарци“ до победата над екипата на Порто во Скопје во првиот меч кој „црвено-црните“ го одиграа оваа сезона во ЛШ пред домашна публика, додека Јотиќ имаше одличен меч против Савехов, но за жал неговите 8 гола не беа доволни за битолчани да ја остварат првата победа во дебитантската сезона во ЛШ. ТИМ НА 2. КОЛО ВО ЛШ ГОЛМАН: Жоан Ледо Менендез (Бидасоа Ирун) ЛЕВО КРИЛО: Себастијан Бартолд (Алборг) ЛЕВ БЕК: Ловро Јотиќ…

Read More

Џенаро Гатузо по заминувањето од клупата на Милан, остана без ангажман, но одморот за него по се изгледа заврши. Според информациите од Италија, Гатузо наскоро ќе ја преземе работата во Лацио, кој и претходно беше фаворит за негов ангажман. Според информацијата, сега римскиот тим е подготвен за промена на тренерот поради слабиот старт на сезоната, а токму новиот предводник веројатно ќе биде Гатузо.

Read More

Шпанскиот стратег на наглискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште кратко време ќе биде тренер на „граѓаните“. Последните информациии велат дека Пеп нема да остане тренер на Манчестер Сити и по 2021 година. Гвардиола одби да преговара за нов договор, па јасно е дека за две години ќе го напушти Сити. Има информации дека по ангажманот во Англија, Пеп сака да земе одмор една година, а потоа да му се врати на фудбалот.

Read More

За нашата јавност малку познатиот Влатко Андоновски се наоѓа пред промоција на нов селектор на женската фудбалска селекција на САД. Американките се актуеле светскиот првак во фудбал, а Џил Елис ја напушти функцијата по освојувањето на Светското првенство во Франција ова лето. Андоновски е тренер на клубот Реин од Такома, Вашингтон, а според медиумите е најсериозен кандидат за селекторското место за кое конкурираат и Ерика Волш Дамбах и Лора Харви.

Read More

Пред неделната пресметка со Порто во 2. Коло од Лигата на шампионите, денеска на прес-конференција, тренерот на „црвено-црните“, Давид Писонеро, вели дека победата над Португалците е императив, затоа што во спротивни ќе пропадне онаа победа остварена на првиот дуел со Монпелје на гостински терен. „Ова важен меч за нас. По победата против Монпеље, ова се значајни бода, па оние на гостински терен нема да имаат значење доколку не победиме. Ќе биде тежок меч, против нас имаме еден од најдобрите тимови кои играат најдобро седум на шест во светот. Играат многу добро, не играме често против таква екипа ќе видиме како…

Read More

Шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ објави e-mail пораки меѓу Антоан Гризман и луѓе од Барселона, кои му одат во прилог на Атлетико (М), кој тврди дека каталонците ги прекршиле правилата и преговарале со нивниот фудбалер уште во текот на минатата сезона. Барса го купи Французинот ова лето со исплата на откупната клаузула од 120 милиони евра, но челниците на Атлетико од првиот ден тврдеа дека каталонците дејствувале од корист и преговарале со играчот кон средината на минатата сезоната. „Ел Мундо“ објави пораки разменети меѓу Гризман, неговата сестра, адвокатот и менаџерот, кои покажуваат како ти се согласиле со Барселона да добијат…

Read More