Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, беше прогласен за најкорисен играч на мечот од Суперкупот на Шпанија кој синоќа му припадна на кралскиот клуб од Мадрид. Аргентинецот постигна 16 поени, направи 5 скока и додаде 5 асистенции.
Реал Мадрид ја победи Барселона со 89:79 (21:20; 27:13; 21:30, 20:16) и успеа и втора година по ред да го освои овој вреден трофеј на стартот на новата сезона.
За Реал Мадрид, оваа победа во Суперкупот беше петта во историјата.