Крилото на Вардар, Иван Чупиќ, и бекот на еурофарм Работник, Ловро Јотиќ, се најдоа во изборот на идеалните „7“ на 2. Коло од Лигата на шампионите. Чупиќ ги предводеше „вардарци“ до победата над екипата на Порто во Скопје во првиот меч кој „црвено-црните“ го одиграа оваа сезона во ЛШ пред домашна публика, додека Јотиќ имаше одличен меч против Савехов, но за жал неговите 8 гола не беа доволни за битолчани да ја остварат првата победа во дебитантската сезона во ЛШ.
ТИМ НА 2. КОЛО ВО ЛШ
ГОЛМАН: Жоан Ледо Менендез (Бидасоа Ирун)
ЛЕВО КРИЛО: Себастијан Бартолд (Алборг)
ЛЕВ БЕК: Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)
СРЕДЕН БЕК: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
ДЕСЕН БЕК: Харалд Раинкинд (Кил)
ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар)
ПИКЕР: Хендрик Пекелер (Кил)