За нашата јавност малку познатиот Влатко Андоновски се наоѓа пред промоција на нов селектор на женската фудбалска селекција на САД. Американките се актуеле светскиот првак во фудбал, а Џил Елис ја напушти функцијата по освојувањето на Светското првенство во Франција ова лето.
Андоновски е тренер на клубот Реин од Такома, Вашингтон, а според медиумите е најсериозен кандидат за селекторското место за кое конкурираат и Ерика Волш Дамбах и Лора Харви.