Џенаро Гатузо по заминувањето од клупата на Милан, остана без ангажман, но одморот за него по се изгледа заврши. Според информациите од Италија, Гатузо наскоро ќе ја преземе работата во Лацио, кој и претходно беше фаворит за негов ангажман. Според информацијата, сега римскиот тим е подготвен за промена на тренерот поради слабиот старт на сезоната, а токму новиот предводник веројатно ќе биде Гатузо.