Реал Мадрид, конечно, може да дише нормално. Синоќа по победата над Севиља во дербито на колото, момците на Зинедин Зидан ги смирија страстите по убедливиот пораз во Париз во 1. Коло од Лигата на шампионите.
„Среќен сум и задоволен сум. Нашата игра отвори многу прашања, но одигравме многу квалитетно во сите 90 минути. Мора да им честитаме на сите играчи, на целиот тим. Ова е наша заедничка победа”, рече Зидан, видно задоволен.
„Тактички, одигравме многу квалитетен натпревар. Тимот покажа карактер. Играчите се поддржуваа едни со други на теренот, дадоа се од себе за да ги заслужат овие три бода. Клучен дел во мечот беше нашата работа во одбраната, која ни овозможи да победиме“, додаде францускиот стратег.