Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалниот меч на ИТФ Фјучерсот во Капошвар. Во денешното полуфинале во сингл, нашата најдобра тенисерка беше поразена од Словенката Ерјавец со убедливи 0:2 (2-6, 4-6). По вечрашниот одличен настап во четврфиналето, Ѓорческа имаше голема желба за финале, но Словенката денеска беше посвежа и порасположена.
Author: saso
Женска ракометна репрезентација на Македонија, денеска од 18 часот во арената „Борис Трајковски“ ќе хо одигра и вториот квалификациски меч за ЕП 2020. По поразот кај Шведска пред неколку дена, вториот ривал од квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година е селекцијата на Чешка. Шешка тргна со победа во квалфикациите, откако во средата дома ја совладаа Португалија со 31-20. Влезот за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и на Чешка е бесплатен.
Арсенал од овој викенд има нов капитен. Капитенската лента во иднина ќе биде на раката на Гранит Џака, но тоа не им се допадна на навивачите на клубот. Тие почнаа со реакции на социјалните мрежи, а слична имаше и братот на Пјер Емерик Обамејанг, за кого навивачите сметаа дека треба да биде избран за перманентен капитен на Арсенал. Тренерот Унаи Емери во консултација со тимот ја донел оваа одлука иако навивачите го исфиркаа Швајцарецот на претходниот домашен меч со Астон Вила.
Вечерва шпанската фудбалска јавност вечерва е во исчекување на големото градско дерби меѓу Атлетико и Реал. Пресметката на „Ванда Метрополитано“ е закажана од 21 часот и ќе бид еод исклучителна важност за градските ривали. Ова ќе биде 164 „битка“ за Мадрид, во која „кралевите“ влегуваат со скор од 87 победи. Атлетико има само 39 триумфи, а 38 меча завршија без победник. Реал во мечотвлегува како лидер на табелата во Ла Лига и се надева таму да остане и по ова коло. Атлетико има бод помалку, но и голема желба да ја преземе лидерската позиција. Мората поради црвениот картон на минатиот…
Англиската фудбалска асоцијација можеби ќе мора да го исфрли Ливерпул од Лига купот, доколку се утврди дека на натпреварот против Милтон Кејн Донс, клубот користел играч кој немал право на настап. Ливерпул на мечот со МК Донс славеше со 2:0 и во осминафиналето на 28 октомври треба да игра со Арсенал, но тимот на тренерот Јирген Клоп можеби ќе биде елиминиран поради административен прекршок или ќе мине само со парична казна. Спорд информциите во англиските медиуми, спорен е настапот на младиот Чиривела.
Бранителот на титулата во регионалната СЕХА лига, Вардар, вечерва на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го совлада хрватски Нексе со 27:25 и ја обезбеди втората победа во новата сезона. По стартниот успех над Пекинг С. У., „црвено-црните“ беа поразени кај Мотор, па сега успеаја да им се вратат на победите во групата. Во интересен и неизвесен меч, Нексе одигра одлично прво полувреме, имаше предност и од неколку гола, но на пауза се замина со нерешени 14:14. Во вториот дел „вардарци“ го засилија темпото, полека правеа разлика, за во мирен финиш да дојдат до победата. Дибиров со 9 и Дисингер…
Само ден по мечот со Порто во ЛШ, ракометарите на Вардар денеска на прес-конференција го најавија утрешниот дуел со Нексе во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ во ова натпреварување веќе имаат еден пораз од Мотор на гостински терен и во никој случај не смеат да си дозволат кикс дома. Крилото Тимур Дибиров добро го познава Нексе и во пресрет на мечот најавува тежок дуел. „Нексе не е наивна екипа иако загубија во првите две кола, останаа без важни играчи како Шипиќ, имаат причина за лошиот старт. Секогаш незгоден противник за нас, секогаш беше тесно, негуваат своја игра. Нема да биде лесно иако…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека немал напредок во однос на спречување на расизмот на терените во Серија А, откако мечот Аталанта – Фиорентина беше запрен неколку минути токму поради расистички напади врз бразилскиот фудбалер, Далберт. 26-годишниот дефанзивец побара од судијата да ја прекине играта по половина час игра на „Енио Тардини“ како предупредување за домашните навивачи. „Против расизмот се бори преку едукација, укор, разговор на оваа тема – не можеме да прифатиме расизам во општеството и во фудбалот. Треба да ги идентификуваме оние што се одговорни и да ги исфрлиме надвор од стадионите, ни требаат јасни реченици, како во…
Повеќекратниот македонски првак Металург после само два месеци реши да ја прекине соработката со тренерот Дамир Стојановиќ. Тоа значи дека „металурзите“ наскоро ќе мора да побараат ново тренерско име. Засега, Марко Шешум, кондицискиот тренер што дојде заедно со Стојановиќ ќе остане во Автокоманда, а во стручниот штаб на Металург во моментов е Петар Мисовски кој работи како тренер на голманите. Тимот од Автокоманда летово ги смени тренерите во двете екипи. Стојановиќ дојде во првиот, а Игор Котевски во Металург 2.
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија од денеска и официјално почна со првите тренинзи пред почетокот на новиот квалификациски циклус за европското пренство. Селекторот Симовски ги собра ракометарките меѓу кои има и доста млади имиња од помладите селекции, кои полека треба да го бараат своето место во сениорскиот тим. „Оваа селекција има промени. Не очекува еден циклус против репрезентации за респект. Сите разговори кои ги имавме досега во изминатиов период, покажуваат дека имавме некои осцилации, сиблимиравме и решивме да направиме нов чекор со вметнување на помлади ракометарки, кои треба да бидат иднината на нашиот женски ракомет. Секој меч кој ќе…
