Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»„Нексе не е наивен тим“, потенцираат од Вардар пред утрешниот меч во СЕХА лигата
    Ракомет

    „Нексе не е наивен тим“, потенцираат од Вардар пред утрешниот меч во СЕХА лигата

    sasoBy saso23/09/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Само ден по мечот со Порто во ЛШ, ракометарите на Вардар денеска на прес-конференција го најавија утрешниот дуел со Нексе во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ во ова натпреварување веќе имаат еден пораз од Мотор на гостински терен и во никој случај не смеат да си дозволат кикс дома.

    Крилото Тимур Дибиров добро го познава Нексе и во пресрет на мечот најавува тежок дуел.

    „Нексе не е наивна екипа иако загубија во првите две кола, останаа без важни играчи како Шипиќ, имаат причина за лошиот старт. Секогаш незгоден противник за нас, секогаш беше тесно, негуваат своја игра. Нема да биде лесно иако сме фаворити“, вели Дибиров.

    Тренерот Писонеро потенцираше дека и на овој меч шанса ќе добијат најголемиот дел од ракометарите во ростерот.

    „За кратко време играме нов меч, ќе биде исцрпувачки, сакам да им дадам шанса на сите играчи, сакам повеќе да ги менувам пивотите. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на теренот, но како што кажав сакам да одморат дел од ракометарите бидејќи имаме набиен распоред“, рече Писонеро.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби

    17/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.