Повеќекратниот македонски првак Металург после само два месеци реши да ја прекине соработката со тренерот Дамир Стојановиќ. Тоа значи дека „металурзите“ наскоро ќе мора да побараат ново тренерско име.
Засега, Марко Шешум, кондицискиот тренер што дојде заедно со Стојановиќ ќе остане во Автокоманда, а во стручниот штаб на Металург во моментов е Петар Мисовски кој работи како тренер на голманите.
Тимот од Автокоманда летово ги смени тренерите во двете екипи. Стојановиќ дојде во првиот, а Игор Котевски во Металург 2.