Бранителот на титулата во регионалната СЕХА лига, Вардар, вечерва на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го совлада хрватски Нексе со 27:25 и ја обезбеди втората победа во новата сезона. По стартниот успех над Пекинг С. У., „црвено-црните“ беа поразени кај Мотор, па сега успеаја да им се вратат на победите во групата.
Во интересен и неизвесен меч, Нексе одигра одлично прво полувреме, имаше предност и од неколку гола, но на пауза се замина со нерешени 14:14. Во вториот дел „вардарци“ го засилија темпото, полека правеа разлика, за во мирен финиш да дојдат до победата.
Дибиров со 9 и Дисингер со 6 гола беа најефикасни кај нашиот првак, додека кај Нексе Милета и Думенчиќ имаа по 4.