Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека немал напредок во однос на спречување на расизмот на терените во Серија А, откако мечот Аталанта – Фиорентина беше запрен неколку минути токму поради расистички напади врз бразилскиот фудбалер, Далберт.
26-годишниот дефанзивец побара од судијата да ја прекине играта по половина час игра на „Енио Тардини“ како предупредување за домашните навивачи.
„Против расизмот се бори преку едукација, укор, разговор на оваа тема – не можеме да прифатиме расизам во општеството и во фудбалот. Треба да ги идентификуваме оние што се одговорни и да ги исфрлиме надвор од стадионите, ни требаат јасни реченици, како во Англија, не смееме да се плашиме да ги обвиниме расистите, мора да се бориме темелно “, изјави Инфантино.