Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја одбрани светската круна во Мото ГП, откако ја победи на трката за Големата награда на Тајланд. За 26-годишниот Шпанец ова девета победа оваа сезона, додека 79. во неговата кариера. До истата стигна по голема борба со Фабио Куартаро кого го престигна во последниот свиок. На третото место заврши Маверик Виналес, додека Андреа Довициозо беше четврти. Маркез дојде до осмата светска титула, сега е на само еден трофеј од Валентино Роси.
Author: saso
КК Работнички од вчера е посилен за искусниот српски интернационалец, Данило Мијатовиќ. Тој веќе извесен период е дел од нашата кошаркарска лига, па по промената на неколку клупски средини, сега „слета“ во Градски парк. Центарот оваа сезона требаше да ја почне како член на АВ Охрид, но по изненадувачкото расформирање на клубот, мораше да бара нов ангажман. Тој успеал да се договори со Работнички и ќе биде големо засилување под кошевите.
Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е подготвен на неколку часа да ја напушти болницата за да може да ја предводи Болоња против Лацио на денешниот меч од новото коло во италијанската Серија А. Тој веќе на двапати доаѓаше на натпреварите на Болоња со специјална лекарска дозвола, откако во јули оваа година му беше дијагностицирана леукемија. „Тој е воин и ќе ја добие оваа битка. Често мислам на него. Кога прв пат го видов, многу ми помогна да се вклопам во тимот на Лацио и заедно бевме дел од многу победи. Се надевам дека денеска ќе можам да го прегрнам мојот пријател…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП тенискиот турни во токио од серијата 500. Во финалето, светскиот рекет бр. 1 лесно стигна до својата 76. АТП титула победувајќи го Австралијанецот Џон Милман со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2. Ѓоковиќ стигна до триумф по само еден час и десет минути игра. Турнирот во Токио, од серијата 500, се играше за награден фонд од 1.895.290 долари. „Првпат играм во Токио и ова за мене беше неверојатно искуство и на теренот и надвор од него. Направивте да се чувствувам како дома, едвај чекам да се вратам догодина на Олимписките игри“,…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заработи нова повреда. Францускиот репрезентативец веќе пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември. Сега стигнува вест за нова повреда, која ќе го оддалечи од терените уште одреден период. Оваа сезона Мбапе има два гола и две асистенции на шест натпревари на сите турнири. Денес, ПСЖ го пречекува Анже во натпревар од 9. коло од Лига 1. Тухел не можеше да прецизира колку ќе трае паузата на Мбапе, но уверен е дека не се работи за ништо посериозно.
Ракометарите на Бутел, попладнево имаат историски настап во европските ракометни купови. Тимот кон на македонската ракометна карта е во последниве неколку години, денеска го очекува првиот меч од квалификациите во ЕХФ Купот против украински Запорожје. Натпреварот кој е дел од второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 18:30 часот.
Пилотот на Јамаха, Фабио Куартараро ја освои својата четврта пол-позиција оваа сезона во рамките на Мото ГП шампионатот. И покрај падот во последниот круг, Французинот заврши на првото место во квалификациите со рекорден круг на патеката во Тајланд. Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез и ветеранот Валентино Роси паднаа на истото место. Од второто место утре изутрина на тајландското ГП ќе почне уште еден пилот на Јамаха – Маверик Винаљес. Трет ќе биде Маркез.
Новак Ѓоковиќ обезбеди финале на АТП 500 во Токио, откако во полуфиналната пресметка беше подобар од Давид Гофан со 6:3, 6:4. Светскиот бр.1 го елиминираше шампионот од 2017 година за 1 час и 29 минути, а клучни беа брејковите, кои ги направи на почетокот на двата сета. Ова е прво финале за Ѓоковиќ во Токио, каде з апротивник утре изутрина ќе го има Австралиецот Милман, кој во второто полуфинале го совлада Рајли Опелка со 6:3, 7:6 (4).
Лидерот на табелата по 8. кола во ПМФЛ, екипата на Вардар, денеска од 15 часот го игра дерби натпреварот против Шкендија во Тетово. Вардар има победничката серија која трае шест натпревари, а сметајќи ги мечевите од Купот, серијата е осум натпревари без пораз, со биланс од седум победи и еден нерешен резултат. Денешната пресметка е 29-та мешу овие два клуба на гостински терен во сите натпреварувања. Вардар има 9 победи, четири нерешени средби и 15 порази. Дуелот ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје. Во останатите мечеви од тековното коло се среќаваат: ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ…
Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен терен го совладаа Веспрем со 26-24 (14-8) и ја остварија третата последователна победа во дебитантската сезона од СЕХА лигата. Во рамките на четвртото коло во СЕХА-лигата, битолчани ги изненадија европските вицешампиони, откако одиграа едно перфектнмо прво полувреме, па пота умешно ја зачуваа предноста до крајот на средбата. Митревски имаше 12 интервенции, 10 од нив во првиот дел, прв стрелец беше Јотиќ со осум гола. Стјепановиќ постигна пет гола, последниот за голема радост во салата „Боро Чурлевски“. На другата страна Дејан Манасков запиша три погодоци.
