Лидерот на табелата по 8. кола во ПМФЛ, екипата на Вардар, денеска од 15 часот го игра дерби натпреварот против Шкендија во Тетово. Вардар има победничката серија која трае шест натпревари, а сметајќи ги мечевите од Купот, серијата е осум натпревари без пораз, со биланс од седум победи и еден нерешен резултат.
Денешната пресметка е 29-та мешу овие два клуба на гостински терен во сите натпреварувања. Вардар има 9 победи, четири нерешени средби и 15 порази. Дуелот ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје.
Во останатите мечеви од тековното коло се среќаваат:
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
СТРУМИЦА: А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС
ВЕЛЕС: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1:0