Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП тенискиот турни во токио од серијата 500. Во финалето, светскиот рекет бр. 1 лесно стигна до својата 76. АТП титула победувајќи го Австралијанецот Џон Милман со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2.
Ѓоковиќ стигна до триумф по само еден час и десет минути игра. Турнирот во Токио, од серијата 500, се играше за награден фонд од 1.895.290 долари.
„Првпат играм во Токио и ова за мене беше неверојатно искуство и на теренот и надвор од него. Направивте да се чувствувам како дома, едвај чекам да се вратам догодина на Олимписките игри“, изјави Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.