Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е подготвен на неколку часа да ја напушти болницата за да може да ја предводи Болоња против Лацио на денешниот меч од новото коло во италијанската Серија А.
Тој веќе на двапати доаѓаше на натпреварите на Болоња со специјална лекарска дозвола, откако во јули оваа година му беше дијагностицирана леукемија.
„Тој е воин и ќе ја добие оваа битка. Често мислам на него. Кога прв пат го видов, многу ми помогна да се вклопам во тимот на Лацио и заедно бевме дел од многу победи. Се надевам дека денеска ќе можам да го прегрнам мојот пријател и воин“, изјави тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, по најавата дека Синиша ќе се појави на мечот.