Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, синоќа на прес-конференцијата по мечот со Словенија и победата од 2:1 изјави дека е задоволен од големата победа, но потенцираше дека фокусот веднаш треба да се пренасочи кон Полска. „Јас реков дека е задоволство да се работи со овие момци. Благодарност и за публиката која дојде во голем број. И покрај сите проблеми кои ги имавме овие фудбалери изгинаа на теренот, играа еден за друг, заедно сме и кога победуваме и кога губиме. Оваа победа е убава, но се уште ништо не сме направиле. Следниот натпревар го играме кај фаворитот Полска и сега…
Author: saso
По последните турбулентни месеци во македонското пливање, за сите проблеми, забраната за настап на пливачите на меѓународни настани, за нереагирањето на АМС и МОК и за целата ситуација и неправилности од претходниот претседател Маленко, денескана прес-конференција излезе првиот човек на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев. „Единствена федерација за спортови на водана терироријата на Македонија призната од АМС, ФИНА и ЛЕНА и запишана во Централен Регистар е Националната пливачка федерација на Македонија. Не се работи за двојна или паралелна федерација. Уште на самиот почеток наидовме на проблеми од страна на старото раководство, посебно од поранешниот претседател Александар Маленко кој лажно се…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ја пречека Словенија (20.45 часот) во обид да дојдеме до третата победа во квалификациите за ЕП 2020, со што ќе останеме во битка за едно од местата кои водат на континенталниот собир. Македонија има подобар биланс од Словенија со три победи, реми и еден пораз. Против Словенците, патем, го одигравме и историскиот прв меч и ја остваривме првата победата со 4:1 во Крањ пред 26 години. Во првиот меч од овој циклус, на гостувањето во Љубљана одигравме 1:1, а позитивен ефект очекуваме и на вечерашниот дуел во Скопје. Најавено е дека најмалку 20.000 гледачи ќе…
Македонската репрезентација за играи до 21 година денеска во Подгорица (17 часот) ќе го одигра натпреварот против Црна Гора, кој за нас е втор од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7:1 против Фарски Острови од отворањето на квалификацискиот циклус, нашата репрезентација се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот на „ДГ“ арената во главниот град на Црна Гора. Капитенот Јани Атанасов пред средбата порача дека оваа селекција има карактер и тоа треба да го покаже на денешниот дуел. „Би било идеално доколку со победа на гостински терен ги продолжиме квалификациите и ќе дадеме…
Синиша Михајловиќ со видео порака им се обрати на сите фудбалски фанови ширум светот. Тренерот на Болоња кој неодамна го заврши вториот циклус од хемотерапијата и сега е пуштен на домашно лекување објави видео во кое изразува жалење што не присуствувал на натпреварот на легендите на Болоња и Реал Мадрид. „Жал ми е што не бев на натпреварот на легендите на Болоња и Реал Мадрид, но штотуку излегов од болница и навистина сакав да бидам со сопругата и децата. Се надевам дека ме разбирате. Ви благодарам на поддршката која ми ја давате и што останавте покрај мене цело време“, истакна…
Во пресрет на новата кошаркарска сезона кај нас, ново засилување има и екипата на Гостивар. Како што потврдија од клубот, гостиварци ја засилија центарската позиција потпишувајќи договор со Александар Штерјов. Искусниот кошаркар остана без клуб по распадот на Охрид, па се реши да ја прифати понудата на Гостивар, кој и оваа сезона ќе се обиде да дојде до плејофот.
Легендата на фудбалскиот клуб Челзи и на чешкиот фудбал, Петр Чех, потпиша договор со професионален хокеарски клуб. Веста ја потврди официјалната страница на англискиот Гилфорд Феникс, каде ќе игра 37-годишниот голман. Тој ќе го направи своето деби на 13 октомври и ќе може да покаже што може на мразот. „Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги постигне своите цели. Ќе се обидам да бидам што е можно покорисен на средбите каде ќе добијам шанса да играм. После 20 години во фудбалот, ова ќе биде непроценливо искуство за мене во спортот што го сакам. Јас…
Турнирот во мешани двојки, попознат како „Хопман Куп“ ќе се врати во тенискиот календар во 2021 година, објави претседателот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Дејвид Хагерти. Тој за Ројтерс изјави дека предлогот е од интерес за сите, така што спектаклот треба повторно да ги израдува тениските фанови. „Имаме намера да го вратиме турнирот во 2021 година. Немаме никакви планови за претходно, но интересот е навистина сериозен“, изјавил Хагерти.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, сака да го донесе Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед во екипата на Интер оваа зима. Двајцата работеа заедно во Челзи и италијанскиот стратег одлично го знае квалитетот на 31-годишниот играч од средниот ред. На Матиќ не му е сјајно под капата на Оле Гунар Солскјер и има само 5 натпревари од почетокот на сезоната. Тој е под договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2020 година и се чини е многу веројатно клубот ќе се обиде да го продаде во јануари. Директорот на Интер, Бепе Марота, се обиде да го донесе Матиќ во Серија А пред…
Албанскиот фудбалски стратег, Ернест Ѓока, е новиот тренер на Шкендија. Денеска тој и официјално стави параф на договорот со шампионот. „Мислам дека дојдов во клуб како Шкендија, што е, пред сè, професионален клуб и многу внимателно конструиран. Првите впечатоци ми се многу добри и мислам и се надевам дека ќе ги имам овие впечатоци што ги имам денеска цело време додека ќе работам овде. Подготвен сум за овој предизвик, затоа што е познато дека од Шкендија се бара сè. А тоа да биде успешен цело време, да биде шампион, да оди во Лигата на Европа, да ги достигне тимовите во…
