Author: saso

Натпреварот од групната фаза од Лигата на Европа меѓу Лацио и Селтик ќе се одигра пред делумно празен стадион, откако УЕФА реши да ги казни римјаните за манифестација на расизам на средбата со француски Рен. Исто така, „орлите“ беа казнети со еден натпревар без гледачи условно. Средбата на групата „Е“ од Лигата на Европа меѓу Лацио и Рен се одигра во Рим на „Олимпико“ на 3 октомври и заврши со победа од 2:1 за домаќините. По натпреварот, против италијанскиот тим беше отворен дисциплински случај под обвинение за расистичко однесување на навивачите. За време на натпреварот со Селтик, ќе бидат затворени…

Read More

Голманот на репрезентацијата на Шпанија и на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа се повреди во 60. минута од мечот против Шведска во квалификациите за Евро 2020, па мораше предвреме да го напушти теренот. Тоа значи дека повредата е сериозна и тој најверојатно го пропушта дербито со Ливерпул овој викенд. Тоа е прилично лоша вест за Оле Гунар Солскјер, затоа што практично ќе го загуби својот најдобар фудбалер сезонава. Малку позитивни вести во тимот се враќањето на рековалесцентите Погба и Ван Бисака, кои треба да бидат подготвени за неделниот дуел.

Read More

Раководството на Формула 1, „Либерти Медиа“, го потпиша договорот со организаторите на најавената трка за ГН на Флорида на патеката во Мајами, која се најавува подолго време. Според најавата, за првпат возачите во ф1 ќе бидат на автодоромот во Мајами во 2021 година. Се претпоставува дека Големата награда на Флорида ќе се одржи во близина на стадионот Хард Рок, кој е дом на локалниот тим на НФЛ лигата. Првично беше планирано Мајами да добие трка покрај градскиот автопат, но оваа иницијатива наиде на силен отпор од претставниците на градските власти.

Read More

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Красимир Балаков е исто така на чекор до заминување од репрезентацијата. По скандалот на мечот со Англија и убедливиот пораз од 6:0, оставка си поднесе првиот човек на федерацијата, Борислав Михајлов, но не е исклучено по него да си замине и селекторот. Според бугарските медиуми, балаков се уште ја разгледува оваа одлука и својот став ќе го соопшти деновиве. На кормилото на Бугарија, Балаков има само една победа и дури 5 порази во шесте меча како селектор.

Read More

Српскиот интернационалец Немања Матиќ со голема веројатност ќе го напушти Манчестер Ј. оваа зима. Според најновите вести, тој размислува да ја прифати понудата од Интер и да се пресели во Серија А. Сериозен интерес за него покажува тренерот на Интер, Антонио Конте, кој одлично ги знае квалитетите на дефанзивниот играч за врска и посакува да го има во составот на „Џузепе Меаца“.

Read More

По третата последователна победа во новата сезона во АБА 2 лигата, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, не можеше да биде незадоволен. Неговите играчи одиграа одличен меч со Рогашка и со 20 поени разлика и ја впишаа третата последователна победа во регионалната конкуренција. „Честитки до моите кошаркари. Испочитуваа се што беше договорено. Одбраната дефинитивно беше таа што го реши победникот на оваа средба. Ова беше заеднички триумф за сите, што секако ме радува. Ова е речиси нова екипа, која допрва се запознава и која допрва треба да стане тим. Одиме понатаму, од меч во меч, без да се вртиме…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година гоодржа и последниот трениг пред утрешниот дуел со Казахстан во 3. Коло од квалификациите за ЕП 2021. Репрезентативците гледаат оптимистички на дуелот и очекуваат трета победа. Селекцијата на Благоја Милевски по воведните две кола има максимални шест бодови и сега очекува да ја продолжи победничката серија. „Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Сепак, и покрај некои наши грешки и недостатоци во играта за кои зборуваме и работиме со селекторот и стручниот штаб, успеавме да победиме и да го добиеме посакуваниот резултат. Натпреварот со Казахстан…

Read More

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија викендовго освои првото место на пријателски турнир во Шумен, Бугарија. Тони Симиќ повторно ги предводеше кошаркарите до 18 години кои без пораз го освоија турнирот. На првиот натпревар, јуниорите запишаа триумф од 89-69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија славевме со 88-74. Со постигнат 41 поен во финалниот натпревар нашиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити и со трофејот за најкорисен играч (MVP).

Read More

Чилеанецот Алексис Санчез се повреди на натпреварот за својата репрезентација против Колумбија, и првичните прогнози не се добри. Фудбалерот кој како позајмен од Манчестер јунајтед настапува во Интер, најверојатно подолг период ќе биде надвор од терените. Чилеанската федерација потврди дека Санчез има повреда на зглобот, па сега се чекаат деталните тестови по кои ќе се знае тежината на повредата и времето за рехабилитација. Според некои медиуми Санчез најмалку два месеци ќе биде во аут што значи дека за него заврши фудбалската 2019-та.

Read More

Раководството на Барселона не гледа потреба да се купуваат нови играчи во зимскиот преоден рок. Каталонците, напротив, ќе се обидат да продадат неколку играчи оваа зима, објавија шпанските весници. Ако евентуално се вклучат на трансфер пазарот, каталонците би се обиделе да купат само еден десен бек. Сепак, и тоа е малку веројатно да се случи сега и најверојатно ова пополнување ќе биде оставено за на лето.

Read More