Author: saso

Златан Ибрахимовиќ остана без можност да го крене шампионскиот пехар во американската МЛС лига, откако синоќа неговиот ЛА Галакси загуби во четврфиналето на плеј-офот од екипата на градскиот ривал ФК Лос Анџелес со 5:4. Карлос Вела го постигна првиот гол за водство на домаќините во 16. минута, а истиот играч во 40. минута постигна гол и за 2:0. Галакси се вратија во игра преку Павон, кој по асистенција на Ибрахимовиќ намали на 2:1. Ибра донесе израмнување за 2:2, но Роси и Диоманде во 66. и 68. минута со нови голови ги вратија ФК ЛА до предност од 4:2. Фелчер намали…

Read More

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет составен од националните спортски федерации кои ги преставуваат олимписките спортови, на прес-конференција ја престави доставената иницијатива за промени во составот на МОК. Во името на 26 спортски федерации на олимписки спортови, но и на бројни наши спортисти учесници на олимписките игри, претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска, ја презентираше иницијативата која е доставена во МОК уште пред крајот на минатиот месец, а истата се однесува на организирање на регуларно Вонредно собрание на МОК на кое ќе се изврши промена на членот 10 од Статутот во согласност со олимписката…

Read More

Кајл Кузма нема да му биде на располагање на Лос Анџелес Лејкерс за првиот натпревар од новата НБА сезона против градските ривали Клиперс. Крилото го продолжува периодот за рехабилитација по повредата на левата нога, а „езерџиите“ официјално објавија дека тој ќе го пропушти отворањето на сезоната 2019/2020. Пред неколку дена, крилото го продолжи договорот со Лејкерс до летото 2021 година.

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој вчера ја носеше капитенската лента во Џенова на „дебаклот“ кај Парма со 5:1, им се извини на навивачите за убедливиот пораз. „Не знам што се случи. Мораме да им се извиниме на нашите навивачи. Не е добро кога ќе се изгуби на ваков начин. Не разбирам зошто ова ни се случи, работевме напорно и се подготвуваме за овој меч. Веројатно немаме самодоверба“, рече Пандев кој додаде дека поразот е вина на секој играч од тимот, а не само на одбраната.

Read More

Некогашниот холандски репрезентативец и член на англиски Тотенхем, Рафаел Ван дер Варт, коментирајќи го вчерашното англиско дерби меѓу Манчесер Ј. и Ливерпул на холандската телевизија, изјави дека најскапиот дефанзивец во Премиер лигата, Хари Мегваер е фудбалер со квалитет на играч од некоја од аматерските лиги во Англија. „Да одиме и да гледаме некој аматерски клуб во недела, можам да најдам тројца играчи кои можат да играат исто како него“, рече Ван дер Варт на холандската телевизија. Поранешниот играч од средниот ред на Спарс додаде: „Можеби е глупав коментарот, но зборуваме за трансфер од 90 милиони евра!? Тогаш, колку вреди Ван…

Read More

По вчерашното големо дерби во Премиер лигата меѓу екипите на Манчестер Ј. и Ливерпул, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свој коментар за дуелот и конечните 1:1. „Резултатот не е оној што го посакувавме, но треба да бидеме среќни и со нерешено, со оглед како се одвиваше мечот. Не ми се допадна начинот на кој игравме во првото полувреме. Ние му дозволивме на Манчестер Јунајтед да изврши притисок врз нас и да игра агресивно. Успеаа да го направат тоа што сакаат. Постигнаа гол кој ги покажа проблемите на ВАР системот. Кога судијата реши да го преиспита голот, бев сигурен дека…

Read More

Светското фудбалско клупско првенство во 2021 година најверојатно ќе се одржи во Кина, пренесува Асошиејтед Прес. Почнувајќи од 2021 година, шампионатот ќе се одржува во нов формат. Според планот, тој ќе се одржува на секои четири години, а 24 екипи ќе учествуваат на турнирот одеднаш. До денес, сè уште не е познат целосниот список на клубови, но последните четири победници од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе добијат место на големиот настан. Исто така се знае дека на првенството сигурно ќе учествуваат и Реал Мадрид, Ливерпул, Атлетико и Челзи.

Read More

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, е на голема врата за враќање на кормилото на Реал (М). Според пишувањата на одделни медиуми, стратегот кој моментно е без работа, повторно е во преговори со првиот човек на Реал. По поразот од Мајорка викендов во Ла Лига, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно одржал нови разговори со Мурињо за можноста за негово враќање во клубот. Мурињо претходно беше на чело на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. По 9 кола од тековната сезона, Реал е на второто место на табелата, еден бод зад лидерот Барселона.

Read More

Ракометарите на Вардар попладнево во Унгарија ќе се обидат да го поправат впечатокот од минатата недела кога беа декласирани на домашен терен од Кил со 20-31. Денеска „црвено-црните“ гостуваат кај Веспрем на едне исклучително тежок меч. По промената на тренерското место, Вардар денеска ќе биде предводен од Едуард Кокшаров, кој ќе го замени Писонеро. Капитенот Стојанче Стоилов, кој се врати по паузата поради повреда, се уште е неизвесно дали ќе добие шанса. Во составот го нема Горбок, кој поради повреда на отпатува за Унгарија. Дуелот помеѓу Веспрем и Вардар ќе стартува денеска во 17:30 часот.

Read More

Актуелниот светски првак во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, беше најбрз на утринските квалификации на патеката Мотеги во Јапонија. По десетти пат сезонава тој ќе почне на МотоГП трка од пол-позицијата. За Маркез, кој има осум светски титули, ова е прва пол-позиција на патеката Мотеги во кариерата во кралската класа. Интересно е што веднаш зад него се наредија тројца возачи на Јамаха. Изненади Франко Морбидели, кој ќе биде втор на стартот, а па следуваат Фабио Квартараро и Маверик Вињалес.

Read More