Македонската ракометна репрезентација, денеска (16 часот) ќе го одигра последниот контролен натпревар во ЕХФ неделата. По вчерашниот триумф од 25:21, денеска нашиот национален тим ќе се обиде да дојде и до нова победа над составот на Грузија. И денеска Брестовац ќе излезе со комбиниран тим во кој ќе ги нема Филип Кузмановски и Дејан Манасков. Сепак останува да се види каков ќе биде неговиот комплетен избор за 60-те минути, затоа што во селекцијата се вклучени и Кизиќ и Младеновиќ.
Author: saso
Италијанскиот шампион Јувентус тргнува во обид да го обезбеди потписот на Килијан Мбапе. Според Тутопорт, младиот Французин ќе предизвика Јувентус да подготви трансфер пакет вреден неверојатни 380 милиони евра. Весникот додаде дека „Старата Дама“ може да ја намали износот на трансферот сугерирајќи дека во можниот договор да биде вклучен и Пауло Дибала.
Дефанзивецот на Арсенал, Дaвид Луис, инсистира на тоа дека сите во клубот мора да веруваат во филозофијата на тимот и да не прават непотребна драма по поразот од Шефилд Јунајтед. Тој пораз беше само втор од почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека работите тргнаа наопаку, но исто така мора да бидеме мирни“, рече тој. “Ова е само наш втор пораз во сезоната. Ние правивме многу добри работи. Мислам дека мора да продолжиме да веруваме во нашата филозофија и исто така да веруваме во силата на нашиот тим, бидејќи ова е единствениот начин…
Катастрофата која Саутемптон ја доживеа на средбата со Лестер синоќа и историскиот пораз од 9:0 најверојатно ќе знаи отказ за тренерот, Ралф Хазенхутл. Раководството на тимот уште синоќа ја разгледува позицијата на Австриецот и се чека конечната одлука. Австриецот минатата сезона беше клучниот фактор што тимот се крена од дното и успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, но оваа година има лош старт, а поразот од Лестер дополнително само ја уништи лошата репутација која ја имаше во последно време.
По двете контроли со Турција и Италија, македонската ракометна репрезентација денеск аи утре во Скопје, ќе одигра уште два тест-меча со соодветната селекција на Грузија. Дуелите се закажани во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а нашите репрезентативци ќе ја искористат шансата за уште две силни средби како подготовка за престојното ЕП. Селекторот Данило Брестовац оваа фаза од подготовките ја искористи да ги испроба можностите и квалитетите на помладите репрезентативци од својот список, со кои планира да ги освежи редовите на сениорската репрезентација за претстојното ЕП. Селекцијата на Грузија веќе една недела е во Скопје, подготвувајќи се за двата меча.…
Македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски ќе биде назначен за селектор на на женската фудбалска репрезентација на САД. Веста ја потврдија повеќе американски медиуми. Официјално, Андоновски ќе биде промовиран во нов кормилар на светските шампионки в понеделник во Њујорк. Андоновски (43) во последните две сезони работеше како прв тренер на ФК Рејнг, а претходно беше тренер и на Канзас Сити со кој освои две титули во НВСЛ лигата.
Јужноамериканската фудбалска конфедерација, КОНМЕБОЛ, денеска потврди дека се уште останува на ставот дека Чиле ќе биде организатор на финалетона Копа Либертадорес, иако во земјата се одвиваат големи социјални протести и немири. Немирите кои се претворија во акт на насилство предизвикаа смрт на 18 лица. Највисокиот орган на фудбалската федерација на Јужна Америка преку својот Твитер профил потврди дека останува на одлуката, Сантијаго да биде домаќин на финалето закажано за 23 ноември на Националниот стадион.
Иако најавувано како голема трансфер бомба, доаѓањето на Мурињо во Дортмунд нема да се оствари. Според пишувањата на дел од медиумите, Португалецот ја одбил понудата на „милионерите“. Да потсетиме дека Мурињо самиот најави дека учи Германски и со тоа многумина потврдуваа дека неговиот трансфер на клупата на Борусија е сигурен. Сепак, Жозе не планира да ги преземе „милионерите“ во скоро време.
Кошаркарот на Атланта, Винс Картер, со настапот на првиот меч за Детроит и официјално стана првиот играч во историјата на НБА која играл во 22 сезони од најсилната светска кошаркарска лига. 42-годишниот играч влезе н атеренот на 6,52 минути пред крајот на првата четвртина од средбата. Хоукс го добија натпреварот со резултат 117:100, а Картер помина околу 10 минути во игра, без да реализира ниту еден поен. За време на неговата НБА кариера, Картер играше за Торонто Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто.
Кошаркарите на ЛА Клиперс остварија и втора победа во новата сеозна од НБА лигата, откако синоќа го добија дербито против вицешампипнот Голден Стејт на гостински терен со 141:122. Лу Вилијамс заврши со 22 поени и 8 асистенции, а Каваи Леонард придонесе во победата на Клиперси со 21 поен и 9 асистенции. Стеф Кари беше на ниво кај Воините во учинок со 23 поени, додека Расел уфрли 20 поени со 8 асистенции. Антетокунпо забележа трипл-дабл и му помогна на Милвоки да направи пресврт кај Хјустон и на крајот со 117:111 да слави на второто големо синоќешно дерби. Гркот постигна 30 поени, 13…
