Катастрофата која Саутемптон ја доживеа на средбата со Лестер синоќа и историскиот пораз од 9:0 најверојатно ќе знаи отказ за тренерот, Ралф Хазенхутл. Раководството на тимот уште синоќа ја разгледува позицијата на Австриецот и се чека конечната одлука.
Австриецот минатата сезона беше клучниот фактор што тимот се крена од дното и успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, но оваа година има лош старт, а поразот од Лестер дополнително само ја уништи лошата репутација која ја имаше во последно време.

