Македонската ракометна репрезентација, денеска (16 часот) ќе го одигра последниот контролен натпревар во ЕХФ неделата. По вчерашниот триумф од 25:21, денеска нашиот национален тим ќе се обиде да дојде и до нова победа над составот на Грузија.
И денеска Брестовац ќе излезе со комбиниран тим во кој ќе ги нема Филип Кузмановски и Дејан Манасков. Сепак останува да се види каков ќе биде неговиот комплетен избор за 60-те минути, затоа што во селекцијата се вклучени и Кизиќ и Младеновиќ.