Дефанзивецот на Арсенал, Дaвид Луис, инсистира на тоа дека сите во клубот мора да веруваат во филозофијата на тимот и да не прават непотребна драма по поразот од Шефилд Јунајтед. Тој пораз беше само втор од почетокот на сезоната во Премиер лигата.
„Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека работите тргнаа наопаку, но исто така мора да бидеме мирни“, рече тој.
“Ова е само наш втор пораз во сезоната. Ние правивме многу добри работи. Мислам дека мора да продолжиме да веруваме во нашата филозофија и исто така да веруваме во силата на нашиот тим, бидејќи ова е единствениот начин да се подобриме”.