По двете контроли со Турција и Италија, македонската ракометна репрезентација денеск аи утре во Скопје, ќе одигра уште два тест-меча со соодветната селекција на Грузија. Дуелите се закажани во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а нашите репрезентативци ќе ја искористат шансата за уште две силни средби како подготовка за престојното ЕП.
Селекторот Данило Брестовац оваа фаза од подготовките ја искористи да ги испроба можностите и квалитетите на помладите репрезентативци од својот список, со кои планира да ги освежи редовите на сениорската репрезентација за претстојното ЕП.
Селекцијата на Грузија веќе една недела е во Скопје, подготвувајќи се за двата меча. На чело на репрезентацијата е поранешниот македонски селектор Драган Ѓукиќ.

