Author: saso

Младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ, со само 18 години ги воодушеви навивачите на „црвено-црните“ во последните 15 минути на средбата со Мешков Брест во Лигата на шампионите. Влезе, успеа да врзе неколку одбрани и да го трасира патот на Вардар кон новата победа. Кизиќ на дуелот запиша пет одбрани од кои две во иста акција. Токму тие одбрани, ЕХФ ги избра за најдобри интервенции во тековното коло од ЛШ. 😎 Check out this fantastic double save from 18-year-old @HCVardar goalkeeper Marko Kizikj in their win against @meshkovbrest. #veluxehfcl #ehfcl #VARMES pic.twitter.com/ZXZIOO3XXq — EHF Champions League (@ehfcl) November 3, 2019

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е незадоволен од својата позиција во тимот оваа сезона и размислува да замине од Јувентус во многу скоро време. Според француски извори, неговата мајка која го договори неговиот трансфер во италијанскиот првак, изјавила дека веќе бара нов клуб за нејзиниот син. Рабио му се придружи на Јувентус минатото лето како слободен агент од ПСЖ. Минатата зима, играчот од средниот ред неколку пати одби да го обнови договорот со францускиот шампион и по конфликтот со раководството беше суспендиран. Оваа сезона, 24-годишниот Французин има само 6 натпревари во италијанската Серија А, а на половина…

Read More

Нико Ковач од синоќа повеќе не е тренер на Баерн (М). Управата на клубот му врачи отказ, а од денеска веќе се прават планови за доведување на негов заменик. Името кое е најексплоатирано во медиумите е актуелниот тренер на холандски Ајакс, Ерик Тен Хаг. Според германски извори, веќе имало контакт меѓу двете страни, но информациите сè уште не се потврдени официјално. Тен Хаг моментно е под договор со Ајакс и очигледно не би сакал на сред сезона да го остави тимот, кој му го продолжи договорот минатата сезона.

Read More

Играчот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш, денеска ќе мора да оди на операција на скочниот зглоб, откако вчера доби страшната повреда  на мечот против Тотенхем. Од клубот утрово потврдија дека хируршка интервенција е неопходна, за да се решат скршениците на коските во глуждот, кој Гомеш ги доби по стартот на Сон и Орие. „Потврдуваме дека Гомеш ќе има операција на глуждот. Откако беше изнесен од теренот, тој беше однесен во болницата заедбно со медицинскиот персонал на нашиот клуб. Има скршени коски на глуждот, кој мора да претрпи хируршка интервенција“, се вели во клупското соопштение.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва гостуваат во Никшиќ во меч од 5. коло на АБА2 лигата. По четирите стартни победи за противник имаат тим кој во досегашниот дел од сезоната има три победи. Тренерот на „штрковите“, Ѓорѓи Кочов, во изјавата пред мечот вели дека мора да се одигра максимално концентрирано и да се обиде тимот да ја продолжи победничката серија. „Секој натпревар во АБА2 е исклучително важен, поради што сум сигурен дека ќе имаме максимално сериозен пристап кон натпреварот со Сутјеска. Станува збор за екипа со огромно искуство и екстремен шутерски квалитет. Едноставно секој играч од тимот може да…

Read More

Фиорентина се уште се надева дека во следниот трансфер период ќе успее да го обезбеди потписот на напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди. Ако то ане успеат да го направат во јануари, „виолетовите“ ќе се обидат да го завршат во јуни. Дури и во пресрет на потпишувањето на новиот договор на Берарди  со Сасуоло, не престануваат шпекулациите кои го поврзуваат играчот со Фиорентина. Спортскиот директор на „Ла Виола“, Даниеле Праде сè уште ја следи состојбата на поранешниот италијански младински репрезентативец, бидејќи клубот ќе се обиде да додаде квалитет на тимот. Според весникот „Кориере Фиорентино“, тој веќе барал од своите соработници да…

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени двојките и за четврфиналето од Лига Купот на Англија. Дел од најголемите фаворити, Манчестер Ј., Манчестер С. и Ливерпул се разминаа и добија прилично лесни противници за пласман во полуфиналната фаза. Ливерпул кој вчера го елиминираше Арсенал на пенали во четврфиналето доби уште еден премиерлигаш, Астон Вила, додека градските ривали од Манчестер ќе играат со екипи од понизок ранг на натпреварување. Дуелите од оваа фаза се закажани на 16 декември. CONFIRMED QUARTER-FINAL DRAW! Here are the confirmed ties for the Quarter-Final draw, current holders @ManCity travel to @SkyBetLeagueOne @OUFCOfficial, and @SkyBetLeagueTwo @ColU_Official travel to Old…

Read More
NBA

Тимот на Голден стејт се соочува со големи проблеми од почетокот на сезоната во НБА лигата, пред се поради слабите резултати, а капак на се, дојде синоќешната повреда на најдобриот кошаркар во тимт, Стеф Кари. Тој се повреди на дуелот со Феникс, кој Воините го загубија дома, и мора да оди на операција на дланката. Повредата е сериозна, но засега не се знае колку точно Кари ќе отсуствува од терените. РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Чикаго 117:111 Орландо – Њујорк 95:83 Филаделфија – Минесота 117:95 Бостон – Милвоки 116:105 Бруклин – Индијана 108:118 Торонто – Детроит 125:113 Оклахома – Портланд 99:102 Вашингтон…

Read More

На Удинезе му требаат 24 часа да ја разгледа позицијата на тренерот Игор Тудор по срамните порази од Аталанта и Рома. Според дел од италијанскиот печат, фаворит за тренерското место во Удинезе сега е Џенаро Гатузо. Поразот од 7:1 од Аталанта во неделата беше шокантен, но делумно оправдан поради фактот што Удинезе цел час играше со 10 фудбалери. Сепак, вчера Удинезе имаше играч повеќе цел час против Рома и дома дозволи да загуби со неверојатни 4:0. Директорите на Удинезе најавиле дека денеска ќе ја донесат одлуката за иднината на хрватскиот стратег. Се верува дека Гатузо е фаворит, а кандидати за…

Read More

Легендата на бразилскиот фудбал, Ривалдо повторно го коментираше трансферот на неговиот сонародник Нејмар од Барселона во ПСЖ во летото 2017 година, нарекувајќи го огромна грешка. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ во изминатите две години постојано потенцира дека овој трансфер е чекор наназад во кариерата за Нејмар. Ривалдо е свесен за она што го зборува, затоа што пет сезони блескаше во тимот на Барса. „Нејмар мораше да избере клуб со повеќе европски традиции како Реал Мадрид или некој англиски клуб. Инаку требаше да си остане во Барса. Многу е полесно да бидете избран за бр. 1 во светот ако ја освоите…

Read More