Легендата на бразилскиот фудбал, Ривалдо повторно го коментираше трансферот на неговиот сонародник Нејмар од Барселона во ПСЖ во летото 2017 година, нарекувајќи го огромна грешка.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ во изминатите две години постојано потенцира дека овој трансфер е чекор наназад во кариерата за Нејмар. Ривалдо е свесен за она што го зборува, затоа што пет сезони блескаше во тимот на Барса.
„Нејмар мораше да избере клуб со повеќе европски традиции како Реал Мадрид или некој англиски клуб. Инаку требаше да си остане во Барса. Многу е полесно да бидете избран за бр. 1 во светот ако ја освоите Лигата на шампионите. Вистински потег беше оној на Роналдињо, кој го напушти ПСЖ за да замине во Барса и така стана бр. 1 во светот. Нејмар направи голема грешка, но има време да ја поправи“, вели Ривалдо.

