Играчот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш, денеска ќе мора да оди на операција на скочниот зглоб, откако вчера доби страшната повреда на мечот против Тотенхем. Од клубот утрово потврдија дека хируршка интервенција е неопходна, за да се решат скршениците на коските во глуждот, кој Гомеш ги доби по стартот на Сон и Орие.
„Потврдуваме дека Гомеш ќе има операција на глуждот. Откако беше изнесен од теренот, тој беше однесен во болницата заедбно со медицинскиот персонал на нашиот клуб. Има скршени коски на глуждот, кој мора да претрпи хируршка интервенција“, се вели во клупското соопштение.

