Author: saso

Македонската судијка, Ива Пројковска, која во моментов е нашата најдобра фудбалска судијка, е делегирана за главен делител на правдата на еден квалификациски меч. И тоа оној меѓу Белгија и Литванија, меч кој се игра на 12 ноември а е во рамките на квалификациите за ЕП. Нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска Илиевски, Вјолца Изеири и Ирена Велевачкоска.

Read More

Специјалистот за одбрана, Велко Маркоски (33 г., 194 см., 100 кг.), по четиригодишна пауза повторно ќе го носи дресот на Металург, каде настапуваше во периодот од 2010 до 2015 години. Маркоски потпиша договор до крајот на сезоната и ќе биде од огромна помош во битките на Металург дома и во Европа. Маркоски, покрај Металург, настапуваше и за Вардар, Зомимак, Работнички и Загреб, а својот последен ангажман го имаше во првенството на Романија, каде ги бранеше боите на Доброгеа Суд. По заминувањето од Доброгеа Суд, Маркоски неколку месеци беше без клупски ангажман, но сега, во редовите на Металург, ќе има можност…

Read More

Во интервјуто за „Дејли меил“, младиот напаѓач на Вулверхемптон, Кутроне, призна дека не сакал да си замине од Милан, но едноставно немал решение, затоа што „росонерите3 не сметале на него. „Во одреден момент, луѓето во клубот ме ставија во позиција што морав да кажам: ок, ќе си одам… Сега не знам како да објаснам што навистина се случи, но по сите разговори, донесов одлука и не се каам“, вели Кутроне. За предизвикот во Премиер лигата вели: „Бев свесен за интересот на Волфс и штом работите станаа конкретни, не се сомневав. Мора да донесувате одлуки во животот, иако не беше лесно,…

Read More

Управата на Арсенал е подготвена да го продаде својот поранешен капитен Гранит Џака уште во јануари. Швајцарецот се вплетка во сериозен скандал откако почна конфликт со навивачите на клубот за време на натпреварот со Кристал Палас минатиот месец. По инцидентот, на Џака му бил одземена капитенската лента, која сега е во рацете на Пјер-Емерик Обамејанг. Сега англиските медиуми пренесуваат дека клубот е подготвен да се ослободи од фудбалерот во јануари. Зака има договор на уште 3,5 години, но Арсенал размислува за опциите за намалена цена на негова продажба.

Read More

Кризата со повреди во Барселона продолжува. По ремито со Славија Прага на домашен терен, каталонците останаа и без бекот Жорди Алба. Според последните вести тој ќе пропушти три недели од стартот од новата сезона. Шпанецот нема да биде дел од тимот за дуелот со Селта, а сигурно ќе ја пропушти репрезентативната пауза.

Read More
NBA

Лука Дончиќ повторно беше најдобар во составот на Далас во еден од најинтересните ноќешни дуели во НБА лигата Маверикси го совладаа Орландо со еден поен разлика 107:106 и ја остварија петтата сезонска победа. Словенецот средбата ја заврши со 27 поени, имаше и по седум скока и асистенции. Најефикасен кај Орландо беше Гордон со 23 поени. Хјустон со 129:112 го победи Голден Стејт, а Џејмс Харден и овој пат беше најдобар на теренот. Голден стејт со сите проблеми со повредени играчи тешко се носи со ривалите во НБА, така беше и ноќеска против Хјустон. Харден реализираше 36 поени, имаше и 13…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години (генерација 2004.) одигра нерешено, без голови против врсниците од Романија на првиот пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во договор меѓу двете селекции, победникот се решаваше на пенали, а нашата репрезентација беше подобра со 5:4.

Read More

Фран Ескриба повеќе не е тренер на Селта. Веднаш откако вчера во меч од новото коло во Ла Лига, Селта загуби дома од Хетафе со 1:0, управата му врачи отказ. Четвртиот последователен пораз ги остави фудбалерите од Виго на 18-то место со 9 бода, по што клупските газди решија дека е време за промени. Според информациите од шпанскиот печат, има тројца кандидати за негов наследник. Во фокусот се имињата на Кике Сетиен, Абелардо Фернандез и Чави Грасија.

Read More

Денеска, ракометарите на Вардар ќе играат против Војводина во новото коло од СЕХА лигата. Дуел во кој Вардар е апсолутен фаворит, но тоа треба да се покаже на терен. Овој дуел сигурно ќе биде шанса и за помладите да добијат минутажа. „Војводина е екипа која мораме да ја победиме. Играме дома и сме фаворити. Играчите кои го носат товарот цела сезона ќе одморат на овој меч, па ќе остане простор за младите да одиграт и да покажат дека можат повеќе за да обезбедиме уште една победа”, изјави Стоилов. Средбата против Војводина се игра од 20.15 часот.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот од средниот ред Давид Силва е неизвесен за настап на големото англиско дерби со Ливерпул следниот викенд. Силва с еповреди на мечот со Саутемптон во саботата, и сега ќе мора да паузира. „Пет минути пред крајот на првото полувреме, Давид рече дека има болка во мускулите. Секогаш кога имате проблеми со мускулите, закрепнувањето трае 10 до 12 дена. Тоа значи дека најверојатно не ќе можам да сметам на него за мечот со Ливерпул“, изјавил Пеп. Натпреварот од 12. коло на англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити ќе се одигра…

Read More