Author: saso

Ако им се верува на шпекулациите во турските медиуми, Елиф Елмас нема долго да се задржи во Наполи. Имено како што шпекулираат медиумите, Бобан и Малдини, водечкиот двоец на Милан, имаат план да го донесат нашиот репрезентативец на „Сан Сиро“ во најскоро време. Во план е прв напад веќе оваа зима, а ако тоа не се оствари, тогаш ќе почекаат до летото во обид со конкретна сума да го намамат Наполи да им го продаде нашиот интернационалец. Од Милан се подготвени да му платат на Наполи цели 30 милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што наполитанците го платија…

Read More

Новиот тренер на Џенова, Тиаго Мота, имаше низа пофалби за играта на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. На прашањето на новинарите дали чувствува дека Пандев игра како препороден, Мота вели: „Не би рекол дека е препороден. Горан во текот на целата кариера покажува дека е одличен фудбалер и сега тоа повторно го прави. Тој е играч кој работи многу не само во офанзивата, туку и во дефанзивата. Денеска имаше уште еден одличен меч, работеше заедно со сите свои соиграчите и сите тука сме среќни што го имаме него. Мислам дека можеме да го искористиме и уште повеќе во играта меѓу…

Read More

Челси постави цена од 5 милиони фунти за слободата на француски напаѓач Оливие Жиру. 33-годишниот стрелец е трет избор на Френк Лампард, откако Тами Абрахам и Мичу Батшуаи веќе го преземаа местото во нападот на лондончани. Досега во текот на сезоната, Жиру има само шест настапи во сите натпреварувања. Англиски „Дејли Експрес“ пренесува дека тимот од „Стемфорд Бриџ“ планира да го продаде поранешниот напаѓач на Арсенал, кој на последните четири натпревари за Франција постигна три гола, за најмалку пет милиони фунти ако дојде понуда во јануари.

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го подобри рекордот на Кејлор Навас за „празна мрежа“. Во победата од 4-0 над Еибар, 27-годишниот Белгиец забележа рекорд од 536 минути без примен гол. Најдобрата изведба на „кралскиот клуб“ досега ја имаше Кејлор Навас со 517 минути со „празна мрежа“. Од почетокот на сезоната Куртоа има 14 натпревари за Реал Мадрид на сите турнири во кои тој има примено само 12 гола.

Read More

УЕФА планираат револуционерен потег кој речиси сигурно нема да им се допадне на фановите,  а е поврзан со финалето од Лигата на шампионите за 2024 година. Имено, Европската централа размислува финалето од Лигата на шампионите да се игра на друг континент. Во игра се САД и Њујорк, а главниот мотив, се секако, парите. Веќе се познати градовите домаќини на следните две финалиња, а тоа се Минхен и Лондон, но веќе во 2024 година се очекува Њујорк да ја добие организацијата. Засега преговорите се во почетна фаза.

Read More

Според последните вести од Шпанија, каталонскиот гигант и „кралскиот“ клуб тргнуваат во војна за потписот на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг. Интернационалецот од Габон има договор со „топчиите“ до 2021 година, а веќе неколкупати одби да стави нов отпис со лондонскиот клуб. Шпанскиот „Десмарке“ тврди дека Реал Мадрид е подготвен да одвои 70 милиони евра за трансфер на Габонецот.

Read More

Ракометарите на Вардар скоро комплетни го дочекуваат Киелце во денешниот меч од 7. Коло во Лигата на шампионите. Освен Горбок, сите останати ракометари му се ставаат на располагање на тренерот Кокшаров. Во пријавениот список на стартери се најдоа и Атман и Горпишин, како и Криштопанс кој се пожали на повреда по последниот меч во СЕХА лигата. Во составот повторно има три голмани, Кизиќ кој импресионираше на последниот меч можеби овој пат ќе добие повеќе минути на теренот, но се очекува да стартува некој од Гебдан или Кугис.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека различни фактори се одговорни за слабата форма на „топчиите“. Шпанецот е под голем притисок бидејќи тимот има победено на само еден од последните пет натпревари во Премиер лигата и е со шест бода зад четвртиот на табелата, Челси. „Не сум целосно разочаран од нашата работа. Јас сум реалист затоа што некои околности не ни помогнаа да ги постигнеме нашите најдобри перформанси. Една од нив е ситуацијата со Озил, Колашинац, Кошчелни и запомнете, ако тој беше капитен, ова немаше да биде проблем за нас“, изјавил Шпанецот.

Read More

Тројца од четворицата македонски преставници на боксерската ревија „Златен Гонг“ обезбедија место во денешните финални борби. Во категоријата до 60 килограми, Јасир Љама вчера во полуфиналето беше подобар од Мерлаку од Косово, во категоријата до 75 килограми Арсим Етеми на поени со 2:1 го совлада косовскиот боксер Пирева, а во финалните битки ќе го видиме и Насуфи, кој обезбеди директен пласман на завршниот ден од турнирот. Единствениот наш боксер кој не успеа да стигне до финалето е Оран Шакировски, кој во категоријата до 56 килограми беше поразен од Вебер од Словенија.

Read More

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за дуелот со Киелце во новото коло од Лигата на шампионите, в сабота во Скопје. По тој повод, денеска на прес-конференција, тренерот на тимот Кокшаров зборуваше за очекувањата од дербито со Полјаците. „Не чека тежок меч. Ја знаете ситуацијата во групата, сите се близу и секоја победа и бод не носат напред, додека секој пораз назад. Ние мислиме само на победа, а мечот ќе покаже што и како ќе биде“, вели Едуард Кокшаров. Капитенот Стоилов вели дека Киелце е еден од најсилните тимови, против кои е тешко да се игра. „Не чека тежок меч со…

Read More