Тројца од четворицата македонски преставници на боксерската ревија „Златен Гонг“ обезбедија место во денешните финални борби. Во категоријата до 60 килограми, Јасир Љама вчера во полуфиналето беше подобар од Мерлаку од Косово, во категоријата до 75 килограми Арсим Етеми на поени со 2:1 го совлада косовскиот боксер Пирева, а во финалните битки ќе го видиме и Насуфи, кој обезбеди директен пласман на завршниот ден од турнирот.
Единствениот наш боксер кој не успеа да стигне до финалето е Оран Шакировски, кој во категоријата до 56 килограми беше поразен од Вебер од Словенија.