Челси постави цена од 5 милиони фунти за слободата на француски напаѓач Оливие Жиру. 33-годишниот стрелец е трет избор на Френк Лампард, откако Тами Абрахам и Мичу Батшуаи веќе го преземаа местото во нападот на лондончани.
Досега во текот на сезоната, Жиру има само шест настапи во сите натпреварувања. Англиски „Дејли Експрес“ пренесува дека тимот од „Стемфорд Бриџ“ планира да го продаде поранешниот напаѓач на Арсенал, кој на последните четири натпревари за Франција постигна три гола, за најмалку пет милиони фунти ако дојде понуда во јануари.

