Ракометарите на Вардар скоро комплетни го дочекуваат Киелце во денешниот меч од 7. Коло во Лигата на шампионите. Освен Горбок, сите останати ракометари му се ставаат на располагање на тренерот Кокшаров. Во пријавениот список на стартери се најдоа и Атман и Горпишин, како и Криштопанс кој се пожали на повреда по последниот меч во СЕХА лигата.
Во составот повторно има три голмани, Кизиќ кој импресионираше на последниот меч можеби овој пат ќе добие повеќе минути на теренот, но се очекува да стартува некој од Гебдан или Кугис.