Златан Ибрахимовиќ го потврди разделбата со Лос Анџелес Галакси, но исто така потврди дека неговата кариера ќе продолжи. 38-годишниот напаѓач мина две сезони во американската МЛС лига, запишувајќи 52 гола и 17 асистенции на 53 натпревари, но не успеа да им помогне на момците од Калифорнија да ја освојат титулата. „Дојдов, видов, победив!“, Напиша ветеранот во негов типичен стил на Твитер. „Благодарам ЛА Галакси што ме натера повторно да се чувствувам жив. Сепак, приказната продолжува. Сега продолжувам да гледам бејзбол“, напишал Ибра.
Author: saso
Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, нашиот преставник Вардар обезбеди нова победа во регионалната СЕХА лига и со тоа го презеде врвот во групата „А“ од тековната сезона. Вечерва во „Јане Сандански“, европските шампиони беа подобри на домашен терен во дербито против Мотор Запорожје со 44-37. Очекувано и Вардар и Мотор играа во комбинирани состави, па дуелот го одбележаа и многуте погодоци вод вете мрежи. Вардар беше подобар во вториот дел и тука ја направи разликата за победа. Најдобар во составот на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 гола, а Чупиќ даде девет.
Директорот на Удинезе, Паскале Марино потврди дека клубот засега ќе продолжи со привремениот тренер Лука Готи. Готи беше на чело на „Зебрите“ на последните два натпревари, обезбедувајќи една победа и реми, а Марино за клупската телевизија потврди дека клубот се уште смета на Готи. „Го замоливме Готи да ни помогне во итни случаи, и тој ни ја даде својата рака. Наскоро ќе ја разгледаме ситуацијата повторно, но сега сме убедени дека го направивме вистинскиот избор. Готи ќе биде на клупата и на дуелот против Сампдорија во Џенова“, потврди спортскиот директор. Валтер Зенга, Масимо Карера и Давиде Балардини се сметаат за…
Капитенот на Рома, Алесандро Флоренци, би можел во јануари да ја напушти „волчицата“ и да се пресели или во Каљари или во Сампдорија. Според информациите, овие два тима веќе имале контакти со него и се обидуваат да го земат на позајмица до крајот на сезоната. Интерес за Флоренци има и кај Интер и Фиорентина. Италијанскиот репрезентативец е занемарен од новиот тренер Пауло Фонсека, кој одбра да му даде предност на десниот бек Леонардо Спинацола. Флоренци оваа сезона има одиграно осум натпревари во Серија А.
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари, кој претрпе операција на скршената лева рака, пред новинарите најави дека размислува да се врати на паркетот до крајот на оваа сезона. „Дефинитивно очекувам да бидам подготвен да играм наскоро“, рече Кари. „Не знам точно кога ќе се случи тоа. Веројатно некаде на пролет. Се е до процесот на рехабилитација. Никогаш не сум скршил нешто и не сум се занимавал со повреда на раката како оваа. Возбуден суп поради потенцијалот и желбата да се спаси сезоната”, вели Кари.
Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах (ЕКК), ШК Алкалоид извојува нова победа над екипата “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија. Текот на мечот покажа дека на ова натпреварување нема лесни противници, па така по три часа игра резултатот во мечот беше нерешен, со три реми на прва, втора и четврта табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко. Највозбудлива партија беше таа на Андреикин, каде што велемајсторот кој игра на првата табла за ШК Алкалоид жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах. Потоа, со сигурна игра и победа,…
Првата „виолина“ во составот на Барселона, Лионел Меси нема да го обнови договорот со клубот до почетокот на сезоната 2020/21, јавува „Марка“. Најавите велат дека пред истекот на договорот, кој е до крајот на сезоната 2020/21, Меси не планира да го напушти каталонскиот клуб. Сепак, тој не е подготвен да седне и да разговара за продолжување на договорот веднаш. Аргентинскиот напаѓач сака да види каква ќе биде физичка форма и дали ќе биде во можност да настапува на највисоко ниво. Меси ќе ја донесе својата одлука, во зависност од то и на која позиција ќе биде клубот, затоа што сака…
Бостон Селтикс синоќа го совладаа Далас Маверикс со 116:106 и стигнаа до својата осма победа сезонава. Уште една неверојатна партија во дресот на Маверикс имаше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно за седма сезонска победа на тексашаните. Дончиќ ноќта ја заврши со 34 поени со девет асистенции и шест скока. На спротивната страна одлична партија имаше Вокер кој постигна 29 поени. Седмиот триумф оваа сезона го забележаа и ЛА Клиперс, кои пред своите навивачи беа подобри од шампионот Торонто Рапторс со 98:88. РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Минесота 114:120 Бостон – Далас 116:106 Сан Антонио – Мемфис 109:113 Њу Орлеанс –…
Раководството на Фиорентина започна разговори со искусниот Лучијано Спалети за позицијата тренер на „виолетовите“. Тимот од Фиренца е во лоша низа под водство на Винченцо Монтела, а поразот од 5:2 од Каagари го стави тимот на 9. Позиција на табелата, со само една победа на последните пет натпревари. 60-годишниот стратег е без работа откако го напушти „Сан Сиро“ на крајот на минатата сезона. Иако го напушти Интер, Спалети сепак добива плата од клубот, што би значело дека Фиорентина би требало да му исплати голема сума ако го договори за наследник на Монтела.
Женската тениска репрезентација на Франција е новиот освојувач на ФЕД Купот. Во финалето во Перт (Австралија), Французинките го добија решавачкиот меч, откако Каролина Гарсија и Кристина Младеновиќ во игра на двојки беа подобри од домашните тенисерки Ешли Барти и Саманта Стосур совладувајќи ги со резултат 6:4, 6:3. Со овој успех, Франција по третпат во историјата и за првпат од 2003 година успеа да стане победник на женското репрезентативно натпреварување.
