Капитенот на Рома, Алесандро Флоренци, би можел во јануари да ја напушти „волчицата“ и да се пресели или во Каљари или во Сампдорија. Според информациите, овие два тима веќе имале контакти со него и се обидуваат да го земат на позајмица до крајот на сезоната.
Интерес за Флоренци има и кај Интер и Фиорентина. Италијанскиот репрезентативец е занемарен од новиот тренер Пауло Фонсека, кој одбра да му даде предност на десниот бек Леонардо Спинацола.
Флоренци оваа сезона има одиграно осум натпревари во Серија А.