Бостон Селтикс синоќа го совладаа Далас Маверикс со 116:106 и стигнаа до својата осма победа сезонава. Уште една неверојатна партија во дресот на Маверикс имаше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно за седма сезонска победа на тексашаните.
Дончиќ ноќта ја заврши со 34 поени со девет асистенции и шест скока. На спротивната страна одлична партија имаше Вокер кој постигна 29 поени.
Седмиот триумф оваа сезона го забележаа и ЛА Клиперс, кои пред своите навивачи беа подобри од шампионот Торонто Рапторс со 98:88.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Минесота 114:120
Бостон – Далас 116:106
Сан Антонио – Мемфис 109:113
Њу Орлеанс – Хјустон 116:122
Голден Стејт – Јута 108:122
ЛА Клиперс – Торонто 98:88

