Најдобриот кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари, кој претрпе операција на скршената лева рака, пред новинарите најави дека размислува да се врати на паркетот до крајот на оваа сезона.
„Дефинитивно очекувам да бидам подготвен да играм наскоро“, рече Кари. „Не знам точно кога ќе се случи тоа. Веројатно некаде на пролет. Се е до процесот на рехабилитација. Никогаш не сум скршил нешто и не сум се занимавал со повреда на раката како оваа. Возбуден суп поради потенцијалот и желбата да се спаси сезоната”, вели Кари.

