59-годишниот Рафаел Бенитез на крајот на сезоната би можел да се врати во Англија и да го преземе тимот на Вест Хем. Англискиот печат денеска пишува дека „чеканите“ се на пат да се разделат со Мануел Пелегрини, затоа што тој и оваа сезона не успева да го однесе тимот на позиција која раководството на клубот ја очекуваше пред сезоната. Бенитез во моментов е на чело на кинескиот Далијан. Иако заработува 12 милиони фунти годишно, во Вест Хем веруваат дека ако дојде повик од нив, Бенитез сигурно ќе биде заинтересиран да се врати во Англија. Пелегрини се најде под притисок, по…
Author: saso
Роберт Морено нема да остане на кормилото на репрезентацијата на Шпанија. По синоќешната победа над Романија од 5:0 во квалификациите за ЕП, Морено не се појавил на средбата со новинарите и со солзи во очите им ја соопштил веста на репрезентативците. Иднината на Роберт Морено е топ-тема во Шпанија. Одредени медиуми велат дека Луис Енрике ќе се врати и ќе ја предводи Шпанија на континенталниот собир. Поранешниот тренер на Барса и Рома беше на чело на репрезентацијата до пред неколку месеци, но мораше да се повлече поради болеста на својата ќерка, која за жал ја загуби битката со ракот и…
Селекторот на Ерменија, Абрахам Кашманјан, понуди оставка уште на прес-конференцијата по синоќешниот дебакл на неговата репрезентација на гостувањето во Палермо против Италија од 9:1. Тој беше назначен само пред неколку недели и го направи своето деби во поразот од Грција со 1:0, но тоа како да беше само најава за понижувањето во Палермо. „Вечерва играта за жал го отсликува имиџот на ерменскиот фудбал во моментов“, изјавил Кашманјан на прес-конференцијата. „Од моментот кога ја презедов работата, реков дека ќе биде деликатна ситуација. Јас ја преземам одговорноста, се е наша грешка. Дојдовме тука без толку многу наши фудбалери. Ако Федерацијата смета декавината…
Уште една извонредна вечер за Лука Дончиќ и Далас Маверикс. Маверикс го совладаа ослабениот Сан Антонио Спарс со 117-110 на домашен терен, а Дончиќ допринесе со неверојатни 42 поени (од кои 17 постигна во првата четвртина), 11 скокови и 12 асистенции. Ова е првпат Словенецот да ја надмине границата од 40 поени во НБА лигата. Со ова достигнување, тој направи голем број нови рекорди: стана првиот Словенец во најсилната кошаркарска лига со вакво остварување, првиот играч на Маверикс со ваква статистика, и само вториот 20-годишник кој постигна најмалку 40 поени и трипл-дабл на меч во НБА лигата. Првиот со ваков…
Германскиот шампион Баерн Минхен започнува офанзива за крилото на Манчестер Сити, Лерој Сане, објави весникот „Мирор“. Според весникот, баварскиот гигант ќе излезе со понуда за германскиот репрезентативец уште во јануари, по разговорите со Сити, кои летово не дадоа резултат. Баерн ќе им понуди на „граѓаните“ 105 милиони евра за Сане, сума во која може да се најде и еден од сегашните првотимци на тимот, Кингсли Коман. Опцијата е малку веројатно да му одговара на Баерн, но сепак, останува да се види како ќе течат преговорите. Мирор откри и дека Баварците му понудиле на Сане годишна плата од 23 милиони евра,…
Македонската А фудбалска репрезентација се подготвува за дуелите со Австрија и Израел. На еден од последните тренинзи пред заминувањето за Австрија, нашиот репрезентативец Енис Барди вели: „Поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Се уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе ѝ гостува на Шпанија во рамките на 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По три меча, Македонија има две победи и реми, додека Шпанците се со максимален учинок и тоа без примен гол. Шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте, пред мечот истакна дека Шпанија е пред два клучни меча. „И двата натпревари се клучни. Тие се можеби најтешките ривали во групата. Македонија и Израел имаат одлични индивидуалци и физички се многу силни. Очекуваме да дојдат тука да пружат одлична партија“, смета Де ла Фуенте. Дуелот вечерва почнува…
Во дербито на вечерта во НБА лигата, кошаркарите на Хјустон Рокетс на домашен терен го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со 102:93 и со тоа ја обезбедија и петтата последователна победа сезонава. Главен актер на средбата беше Џејмс Харден, кој собра колекција од 47 поени, 7 асистенции, 6 скокови и 3 украдени топки. Дабл-дабл во составот на „ракетите“ оствари и центарот Клинт Капела (12 поени, 20 скокови). Расел Вестбрук постигна 17 поени. Визардс, пак, и покрај одличниот Бредли Бил кој постигна 44 поени не успеја да се спасат од пораз на гостувањето кај Бостон. Селтикс славеа со 140:133, а…
Фудбалската репрезентација на Англија може да излезе со еден од своите најмлади состави во целата фудбалска историја на мечот со Црна Гора денеска во квалификациите за Евро 2020. На Британците им треба само бод за да обезбедат едно од првите две места во групата и да се квалификуваат за ЕП 2020, а средбата ќе биде посебна бидејќи е 1000-та во историјата на националниот тим. „Јас сигурно ќе дадам шанса на помладите. Против Шпанија минатата година, избрав еден од најмладите стартни состави, но мислам дека утре ќе биде уште помлад тим“, навести селекторот Саутгејт. Плејмејкерот на Лестер Џејмс Медисон најверојатно ќе…
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е подготвен да игра за Португалија на денешниот меч со Литванија и покрај загриженоста за неговата физичка состојба. Селекторот на Португалија Фернандо Сантош, пред двата решавачки квалификациски меча со Литванија и Луксембург потврди дека Роналдо е во добра форма. „Ако Роналдо не беше здрав, тој немаше да биде повикан во тимот. Сите сакаат да зборуваат за него и да шпекулираат затоа што тој е најдобриот играч на светот. Ако имаше некој друг, немаше да има таква тензија, но можам да ве уверам дека Роналдо е во форма и ќе игра“, рече Сантос.
