Author: saso

Младиот напаѓач на Канзас Сити, Џанлука Бусио м оже да продолжи кариерата во Европа. Според ЕСПН, интерес за 17-годишниот фудбалер покажуваат Манчестер Јунајтед и Интер. Фиорентина е исто така заинтересирана да потпише со напаѓачот, откако направи неколку понуди од 3 до 4 милиони долари. Минатата сезона Бусио во МЛС лигата мина 22 натпревари, постигна 3 гола и направи една асистенција.

Read More

По тешкиот пораз од Киелце, ракометарите на Вардар денеска заминаа за Белорусија на следниот меч од Лигата на шампионите против екипата на Мешков Брест. „црвено-црните“ во Белорусија ќе бидат посилни за Даинис Кристопанс. Летонецот по пауза од три недели одново се враќа во составот, откако успешно се рехабилитираше по повредата на скочниот зглоб. Во Скопје единствено остаба Сергеј Горбок кој се уште е повреден. Дуелот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра во недела со почеток во 17:30 часот.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике изјави дека планира да ја заврши кариерата во сегашниот клуб. „Последниот тим во мојата кариера ќе биде Барселона. Јас нема да играм за друг клуб, затоа што играм фудбал само затоа што цел живот сум навивач на Барса. За мене играњето за Барселона е мојот најголем сон. Сè додека се чувствувам силно и подготвено да играм, ќе продолжам да се појавувам на теренот. Штом ова ќе престане, ќе го напуштам фудбалот“, вели Пике. Тој има договор со Барселона до 2022 година.

Read More

Златан Ибрахимовиќ, ќе потпише договор за шест месеци со опција за продолжување на уште една сезона со екипата на Милан, објави денешен „Кориере дело Спорт“. Платата на Швеѓанец во италијански клуб ќе изнесува 6 милиони евра за 18 месеци. Раководството на „Милан“ е подготвено да му плати таков износ на Златан Ибрахимовиќ за тој да прифати да биде дел од „росонерите“. Иднината на Ибрахимовиќ ќе биде позната во рок од две до три недели, откако сега како заинтересиран клуб се појави и Тотенхем, на Жозе Мурињо.

Read More

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру, има две големи пречки за да направи трансфер во екипата на Интер, пренесува „Газета дело Спорт“. За Жиру се смета дека е на самиот врв на листата на желби на тренерот Антонио Конте, бидејќи се бараат повеќе опции во нападот, откако Алекс Санчез неколку месеци е надвор од терените поради повреда. Според „Газета“, двата големи проблеми за Французинот да се преслеи во Милано се неговите барања за платата и должината на договорот. Жиру моментно заработува околу 8 милиони евра по сезона на „Стемфорд Бриџ“, нешто што Интер нема да му го понуди. Друго прашање е…

Read More

Раководството на Тотенхем утрово потврди дека Жозе Мурињо е нов тренер на тимот. Поранешниот шеф на Челзи и Манчестер Јунајтед, потпиша договор со лондончани до крајот на сезоната 2022/23. „Квалитетот и во составот и во академијата ме возбудува“, рече 56-годишниот Португалец. „Работата со овие играчи е она што ме привлече“. Зад Мурињо стојат три титули во Премиер лигата и еден ФА Куп со Челзи, додека со Манчестер Ј. ги освои Лигата на Европа и Карабао Купот.

Read More

По завршувањето и на последното коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, станаа познати 20 учесници на завршницата на континенталното натпреварување. На ЕУРО 2020 досега учество изборија: Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина, Шпанија, Турција, Франција, Англија, Чешка, Финска, Шведска, Хрватска, Германија, Холандија, Австрија, Португалија, Данска, Швајцарија и Велс. Уште четири учесници на ЕП ќе се пласираат преку Лигата на нации на пролет идната година. Меѓу кандидатите е и Македонија која во полуфиналето од четвртата група ќе игра со Косово. Европското првенство ќе се одржи во 12 града ширум континентот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

Read More
NBA

Кошаркарите на ЛА Лејкерс, пак, ја остварија 12. победа оваа сезона и со тоа го презема лидерското место на Западот. „Езерџиите“ во својата сала беа подобри во дербито од Оклахома со 112:107 во меч во кој Ентони Дејвис царуваше под кошевите реализирајќи 34 поени. Леброн Џејмс додаде 25 во победата на момците од Калифорнија. Голден Стејт Вориорс, пак, конечно дојдоа до победа по седум последователни порази. Тие синоќа славеа над Мемфис Гризлис во меч на гостински терен со 95:114. РЕЗУЛТАТИ: Мемфис – Голден Стејт 95:114 Њу Орлеанс – Портланд 115:104 Сакраменто – Феникс 120:116 ЛА Лејкерс – Оклахома 112:107

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши квафиликаиците за Европското првенство 2020 на третото место во групата „Г“ што за нас е најдобар резултат во историјата кога е во прашање еден циклус за пласман на големо натпреварување. Капитенот Горан Пандев верува дека можеме да ја искористиме оваа одлична шанса и одлична генерација, за конечно да дојдеме до едно континентално натпреварување. Шансата, се секако, последните дуели од Лигата на Нации. „Го заслуживме ова трето место. Да ни го понудеше некој пред почетокот, веднаш ќе прифатевме. Сакавме на ЕП преку квалификациите, но загубивме од Полска и Австрија и тоа е разликата. Оваа генерација може…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва  во Скопје го завршува циклусот од квалификациите за ЕП 2020 година со дуел против селекцијата а Израел. Во трка за третото место на табелата, нашите фудбалери ќе одат на победа против гостите, кои во Скопје доаѓаат исто така со желба за победа. Селекторот Игор Ангеловски на денешниот дуел најверојатно ќе се одлучи за промена на составот од дуелот со Австрија во саботата, затоа што има неколку фудбалери кои се враќаат во првиот тим. Оттука, во одбраната се очекува да почнат Ристовски, Муслиу, Велковски и Ристевски, во средниот ред ќе бидат Костадинов и повратникот Николов, заедно со…

Read More