Author: saso

Маурицио Покетино е кандидат за наследник на Унаи Емери во Арсенал, ако вториот тим од северен Лондон реши да го отпушти својот тренер. „Топчиите“ стигнаа само до реми викендов против Саутемптон (2:2) и на тој начин имаат само две победи на последните 11 средби. Масимилијано Алегри и поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Микел Артета се сметаат за фаворити за кормилото на „Емирати“, но поранешниот менаџер на Тотенхем е најбаран во Европа, па и клупските газди на „топчиите“ се обидуваат да го контактираат за можна преселба кај нив.

Read More

Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, ја има најдобрата одбрана во 9. коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Во традиционалниот неделен пресек на најинтересните моменти на натпреварите одиграни во тековното коло, една од успешните интервенции на голманите на Еурофарм Работник се најде на првото место во изборот на најдобри интервенции.  ЛИНК Во изборот на најубави голови, место има за уште еден ракометар на битолскиот тим. Имено „бомбардерот“ Ловро Јотиќ се најде на третото место во изворот на најубави погодоци во тековното коло. Штета за битолчани што го загубија мечот на гостувањето кај Рихимаен Кокс.   ЛИНК

Read More

Само ден откако ја освоија јужноамериканската титула, фудбалерите на Фламенго и официјално станаа и бразилски шампиони. Порано од предвиденото, Фламенго ја освои титулата во Бразил за 2019 година. Победата во првенството за екипата од Рио де Жанеиро ја обезбеди поразот на Палмеирас од Гремио на домашен терен од 2:1 во меч од 34. коло. Ваквото постигнување на Фламенго го има направено само уште Сантос кој во 1963 година со легендарниот Пеле, успеа во иста година да биде и шампион на Бразил и да го освои Копа Либертадорес.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар, вели дека оваа година „Златната топка“ треба да замине во рацете на некој од фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул. „Јас би ја доделил наградата на играч на Ливерпул. Можеби Мане, Салах или ван Дајк. Сите ја заслужуваат. Ако Садио победеше на Африканскиот куп на нации, тогаш немаше да се дискутира. Би било супер ако тој ја добие награда или Мо, со кого сум пријател. Тоа би било одлично и за африканскиот фудбал и за англискиот. Што се однесува до мене, јас би бил многу среќен како добитник на Златната топка, но не сум оптоварен…

Read More
NBA

Кошаркарите на Далас ја обезбедија и 11. победа оваа сезона, откако синоќа славеа на тексашкото дерби со Хјустон и тоа како гости со 137:123.. Лука Дончиќ  имаше уште една извонредна вечер во која постигна 41 поен, додаде 10 асистенции и реализираше шест скока, а од друга страна, првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден, постигна само 32 поени со исклучително лоша статистика на реализирани поени. Во градското дерби меѓу Њујорк и Бруклин победата им припадна на Нетс кои славеа минимално со 103:101, а фантастичната победничка низа ја продолжија и кошаркарите на ЛА Клиперс, кои утрово пред своја публика славеа над Њу Орлеанс…

Read More

Кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје ќе се сретнат вечерва (18 часот, сала „Градски Парк“) во првото овосезонско „вечно дерби“ во кошаркарскиот шампионат. МЗТ Скопје по 6 кола има 5 победи, додека Работнички по четирите стартни победи дозволи во последните две кола да биде поразен. Ова ќе биде важен меч и за двата тима, особено поради ривалството. „Ова е дерби натпревар што ќе го решаваат ситници. Мислам дека шансите се израмнети, слободно можам да кажам дека поразите на Работнички на тие претходни средби не значат ништо. Како и на сите дерби-пресметки, ќе решава мотивацијата, желбата за победа и верувам дека…

Read More

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимо Алегри е голем кандидат за тренерското место во екипата на Наполи. Масимо Алегри беше присутен на Сан Сиро на мечот меѓу Милан и Наполи по што тргнаа шпекулациите дека тој би можел да биде нов стратег на Наполитанците. Ситуацијата во Наполи е тешка, претседателот Де Лаурентис ќе прави сериозен ремонт, ќе продаде дел од големите фудбалери поради непослушност, а најверојатно ќе се случи и тренерска смена.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунатед , Оле Гунер Солскјер, во интервју за клупската телевизија, потврди дека во зимскиот преоден рок ќе бара нови имиња за засилување на тимот. Норвежанецот е една година на чело на Манчестер Јунајтед и се обидува да ја промени политиката на купување на скапи ѕвезди, па сака да ја продолжи политиката од доведување на играчи како Ван-Бисака и Даниел Џејмс. Според најавите, тој во јануари нема да се залетува со трошење на големи суми за нови играчи, затоа што пазарот и понудата ќе бидат ограничани. Оттука Солскјер вели дека нема да биде ложо клубот да позајми еден…

Read More

Со последниот потег за време на репрезентативнат апауза, Герет Бејл го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид. Тоа премногу ги налути навивачите на „кралскиот клуб“ кои на вчерашниот натпревар против Сосиедад жестоко го исвиркаа фудбалерот. На стадионот беше забележан и еден банер кој сега се врти околу социјалните мрежи, а беше инспириран токму од знамето кое го вееше Бејл. На банерот имаше фотографија со грбот на Реал Мадрид, а на него пишуваше: „Родриго- Вини- Лукас- Бејл. По тој редослед“.

Read More

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во супертешка категорија, откако синоќа го нокаутираше предизвикувачот Луис Ортиз. По 10-ти пат Вајлдер успева да го одбрани шампионскиот појас. За првпат, Вајлдер ја освои титулата во ВБЦ верзијата во 2015 година и  оттогаш не знае за пораз. Вајлдер ги загуби сите претходни шест рунди, но во седмата тргна жестоко и успеа да го нокаутира противникот. Следен меч за Вајлдер е дуелот со Тајсон Фјури во февруари.

Read More