Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во супертешка категорија, откако синоќа го нокаутираше предизвикувачот Луис Ортиз. По 10-ти пат Вајлдер успева да го одбрани шампионскиот појас.
За првпат, Вајлдер ја освои титулата во ВБЦ верзијата во 2015 година и оттогаш не знае за пораз.
Вајлдер ги загуби сите претходни шест рунди, но во седмата тргна жестоко и успеа да го нокаутира противникот.
Следен меч за Вајлдер е дуелот со Тајсон Фјури во февруари.

