Author: saso

Тотенхем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Кристијан Ериксен уште во јануари. Данецот во неколку наврати одбиваше да потпише нов договор со лондонскиот тим, иако раководството му понуди и поголема плата од 230.000 евра неделно, што ќе го направи еден од најплатените играчи во клубот. Според извори од Лондон, претседателот на клубот Даниел Леви е решен да го продаде Ериксен и јасно стави до знаење дека 27-годишниот играч може да го напушти Тотенхем во јануари, дури и ако тоа негативно влијае на напорите на Мурињо да обезбеди место во ТОП 4 во Премиер лигата. Цената за која…

Read More

Јувентус е подготвен да му понуди нов договор на напаѓачот Пауло Дибала. Ова го објави новинарот на Газета дело Спорт, Николо Скира. Тој тврди дека клубот од Торино му понудил на 26-годишниот играч на аргентинската репрезентација договор до 2024 година и зголемување на платата до 9 милиони евра годишно, плус бонуси. Претходно беше објавено дека Дибала сака да добие 10 милиони евра за нов договор. Тековниот договор на Дибала со Јувентус завршува во јуни 2022 година.

Read More

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино изрази желба да го предводи Манчестер Јунајтед. Според „Манчестер Ивнинг Стандард“, аргентинскиот стратег сакал да стане главен тренер на тимот на Манчестер дури и по отказот на Жозе Мурињо во декември 2018 година. Засега Манчестер Јунајтед се уште не се решава за промена на тренерското место, со оглед на тоа што газдите на клубот ја имаат довербата во поранешниот голгетер на тимот, Оле Гунар Солскјер. Според некои информации, Покетино е подготвен да чека и до крајот на сезоната за да го преземе составот на „црвените ѓаволи“. Оваа сезона, Манчестер Јунајтед е на 10-то место…

Read More

Со 50 поени, 9 скокови и 6 асистенции на гостувањето кај Сан Антонио Спарс, Џејмс Харден не успеа да им донесе победа на „ракетите“, но успеа да собори ушт еден стар НБА рекорд. Имено успеа да реализира 24 од 24 слободни фрлања на мечот и со тоа да го собори рекордот на славниот кошаркар Доминик Вилкинс, кој на еден меч има реализирано 23 слободни фрлања од исто толку обиди.

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Роберто Гаљардини е повреден, и најверојатно ќе го пропушти дербито со Рома. Тоа е лоша вест за менаџрот Конте, кој ќе се обиде и по ова коло да остане на врвот на табелата во Серија А. Точниот датум за враќање на Гаљардини се уште останува непознат. Лекарите најавиле дека идната недела повторно треба да на прават прегледи на десното стапало на играчот, пред да донесат конечна одлука за начинот и должината на рехабилитацијата. 25-годишниот играч учествуваше на 12 натпревари за Интер оваа сезона и постигна еден гол.

Read More

Во организација на Спортското радио 90.3 фм и оваа година медиумите ќе играат фудбал. Терминот е веќе познат – 12 до 15 декември, на локација: сала „Архиепископ Доситеј“ во рамките на о.у. „Круме Кепески“ во населбата Кисела Вода во Скопје. Неколку дена повторно ќе има дружење, забава и спортување. И оваа година медиумите ќе ги покажат своите фудбалски квалитети во битката за престижното признание. Годинава својот настап на турнирот на медиумите го потврдија: СИТЕЛ, КАНАЛ 5, СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ, АЛФА ТВ, ТВ 24, МРТВ, МТВ 2, КАНАЛ 77 и АЛСАТ М. Со нетрпение се чека стартот, повторно ќе има…

Read More

Младата фудбалска репрезентација до 19 години која избори пласман во елитната рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство се најде во група со бранителот на титулата Шпанија и со селекциите на Белгија и Бугарија, по денешната ждрепка во Нион. Нашите млади надежи предводени од Горан Станиќ, во првичните квалификации во Скопје заедно со Англија обезбедија место во елитниот квалификациски циклус од кој само првопласираните селекции во групите ќе одат на завршницата на шампионатот во С. Ирска. Група 2 : Шпанија, Белгија, Бугарија, Македонија Следната, пак, генерација, која ќе се подготвува за квалификациите за ЕП 2021, во октомври следната година ќе…

Read More

Францускиот селектор Дидиер Дешамп изјави дека Франција се најде во најтешката група на ЕУРО 2020 со селекциите на Германија и Португалија.  „Ова е најтешката група, но ние мора да ја прифатиме и да бидеме подготвени за нашиот прв натпревар“, рече Дешамп по и ждрепката синоќа. “Групата е тешка и мислам дека и Јоаким Лев и Фернандо Сантос ќе го кажат истото. Најтешката група, но мора да ја прифатиме ждрепката. Ние мора да бидеме подготвени за почетокот на турнирот затоа што играме со Германија во Минхен во првиот меч, а тие ќе бидат домаќини. Овие две екипи имаат многу квалитети и…

Read More

Мики Ивановски синоќа ја извојува 24 професионална победа во 34 борба на Про фајт 17 во Дупница, Бугарија, совладувајќи го европскиот и вицесветски ИТФ шампион во таеквондо кој паралелно настапува и во кик бокс Илијан Томанов во категоријата до 86 килограми. „Ова беше мојата 34 професионална борба и 24 победа“, изјави Ивановски кој по полека се свртува кон профи-кикбоксот и додаде дека учествувал на настан најпрестижната професионална организација Про фајт. Тој обајснува дека на настаните на ова аорганизација покана добиваат најдокажаните кикбоксери.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис подготвува ремонт на екипата следното лето. По последните проблеми со дисциплината и отвореното негодување кон него, дел од фудбалерите ќе добијат “клоца“. „Газета дело спорт“ денеск аобјави дека Де лаурентис планира да ги продаде Хозе Каљехон и Дрис Мертенс, а најверојатно со нов ќе си замине и скапиот дефанзивец Кулибали за кого има огромен интерес. Алан по се изгледа ќе заврши во ПСЖ, а можно е да си одат и уште еден до двајца фудбалери.

Read More