Со 50 поени, 9 скокови и 6 асистенции на гостувањето кај Сан Антонио Спарс, Џејмс Харден не успеа да им донесе победа на „ракетите“, но успеа да собори ушт еден стар НБА рекорд.
Имено успеа да реализира 24 од 24 слободни фрлања на мечот и со тоа да го собори рекордот на славниот кошаркар Доминик Вилкинс, кој на еден меч има реализирано 23 слободни фрлања од исто толку обиди.