Францускиот селектор Дидиер Дешамп изјави дека Франција се најде во најтешката група на ЕУРО 2020 со селекциите на Германија и Португалија.
„Ова е најтешката група, но ние мора да ја прифатиме и да бидеме подготвени за нашиот прв натпревар“, рече Дешамп по и ждрепката синоќа.
“Групата е тешка и мислам дека и Јоаким Лев и Фернандо Сантос ќе го кажат истото. Најтешката група, но мора да ја прифатиме ждрепката. Ние мора да бидеме подготвени за почетокот на турнирот затоа што играме со Германија во Минхен во првиот меч, а тие ќе бидат домаќини. Овие две екипи имаат многу квалитети и одлични резултати во последно време. Се уште не знаеме кој е нашиот трет противник, но веќе сме свесни за класата на другите две селекции и мораме добро да се подготвиме за овие натпревари“, рече Дешамп.

