На 12 декември во салата „Архиепископ Доситеј“ која се наоѓа во составот на о.у. Круме Кепески во населбата Кисела Вода во Скопје, ќе стартува новото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите. И оваа година, екипите од македонските тв и радиостаници кои се пријавија за настап ќе ги покажат своите фудбалски вештини. Настанот кој ќе трае до 15 декември со години е единствената вистинска можност на медиумските работници да се дружат неколку дена и да спортуваат заедно. Влезот во салата ќе биде слободен, а комплетниот распоред на натпреварите и програмата на секој ден одделно, ќе биде позната по…
Author: saso
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсиал, веројатно ќе го пропушти мечот против Манчестер Сити како дел од 16. коло од англиската Премиер лига. Во прашање беше учеството на францускиот напаѓач и на натпреварот против Тотенхем, а Оле Гунар Солскјер изјави и пред мечот дека Марсијал ќе пропушти некое време поради повреда на мускулите, што го става неговиот настап на градското дерби со Сити исто така под знак прашалник.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих. „Благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија. ФИФА и претседателот Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за Фудбалската федерација на Македонија и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г. Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти…
По вчерашната тесна победа над Нови Пазар во 10. Коло од АБА2 лигата, тренерот на МЗТ Скопје А., Ѓорѓи Кочов, посочи дека оваа победа дојде во клучен момент за тимот. „Ова беше навистина тежок натпревар во кој се виде дека емотивно сме испразнети. Ама добро е што имаше среќен крај за нас, ова е триумф кој многу ни значи. Честитки до моите играчи кои и во ваков ден на противникот успеаа да го сочуваат домашниот терен. Честитки и до противникот за фантастичната борбеност“, истакна тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов.
Младиот крилен напаѓач на Барселона, Ансу Фати, потпиша нов договор со клубот за подобрени услови и екстремно висока клаузула за евентуално заминување од клубот. Договорот за Фати е до летото 2022 година со можност за продолжување за уште две сезони. Во исто време, неговата клаузула се зголеми од 100 на 170 милиони евра. Износот на надоместокот ќе се зголеми и на 400 милиони евра кога 17-годишниот Фати ќе потпише професионален договор со клубот како полноправен член на првиот тим. Фати го направи своето деби за Барселона оваа сезона и веќе има два гола и асистенција на 11 натпревари за каталонците.
Големата sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, не смета дека Лео Меси ја добил трката за „Златната топка“, со тоа што годинава ја освои по 6-ти пат и го остави зад себе со пет трофеи. За Португалецот, сепак, ова не изгледа како проблем. „Заврши ривалството меѓу мене и Меси? Не, воопшто. Тоа е само почеток“, рече Роналдо, кој остана само трет во годинешниот избор и не присуствуваше на церемонијата. Роналдо наполни 34 години во февруари и, според некои аналитичари, неговата форма започна драматично да опаѓа. Од почетокот на сезоната, тој има седум гола на 16 одиграни натпревари за Јувентус. Меси има…
За менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, синоќашната победа во градското дерби со Евертон беше 100-тата победа во Премиер лигата. На 52-годишниот германски специјалист за да дојде до ова постигнување му беа потребни 159 натпревари. Ова е втор најдобар тренерски резултат во историјата на лигата. Побрзо до 100 победи во Англија стигна само Мурињо, кому му требаа 142 меча за да дојде до оваа бројка. Јирген Клоп го надминаа клупскиот рекорд по бројот на средби без пораз во англискиот шампионат. Победничката серија на составот од Мерсисајд во Премиерлигата е 32 натпревари (27 победи, 5 нерешени).
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, вчера отворено зборуваше и за пречекот кој го доби на „Олд Трафорд“ за време на дуелот со Манчестер Ј. при неговото прво враќање на овој стадион по заминувањето од кормилото на „црвените ѓаволи“. „Беше слатко, љубезно, културно – токму како што очекував“, изјави Португалецот. Специјалниот беше предводник на Манчестер Ј. во периодот од 2016 до 2018 година, но по лошите резултати минатата сезона доби отказ.
Европскиот шампион Ливерпул е голем фаворит за потпишување на Џејдон Санчо, тврди англискиот фудбалски стручњак Иан Ајџ Фјортофт. Поранешниот норвешки репрезентативец има информации дека шансите за потпишување на Санчо со „црвените“ веќе се големи. Англискиот интернационалец го напушти Манчестер Сити во летото 2017 година и е втора сезона со Борусија Дортмунд, но е во лош однос со раководството и тренерот Лусиен Фавре, поради проблеми со дисциплината. Договорот на младиот фудбалер е до 2022 година, а останува нејасно дали Ливерпул во евентуалниот трансфер ќе вклучи и трампа со некој фудбалер од својот тим.
Ракометната репрезентација на Франција, која е еден од претендентите за највисок пласман на претстојното европско првенство, ќе остане без еден од клучите ракометари поради повреда. Искусниот дефанзивец Лука Карабатиќ, има повреда на прст на десната рака, заработена на последното дерби кое неговиот ПСЖ го имаше против Барселона во ЛШ. Карабатиќ ќе мора да замине на оперативен зафат и неговиот процес на заздравување би траел околу пет месеци.
