На 12 декември во салата „Архиепископ Доситеј“ која се наоѓа во составот на о.у. Круме Кепески во населбата Кисела Вода во Скопје, ќе стартува новото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите. И оваа година, екипите од македонските тв и радиостаници кои се пријавија за настап ќе ги покажат своите фудбалски вештини.
Настанот кој ќе трае до 15 декември со години е единствената вистинска можност на медиумските работници да се дружат неколку дена и да спортуваат заедно. Влезот во салата ќе биде слободен, а комплетниот распоред на натпреварите и програмата на секој ден одделно, ќе биде позната по ждрепката која ќе биде направена следната недела.
Организаторот, Спортското радио 90.3 фм и поддржувачите на медиумите и годинава ќе донесат интересни ревијални дуели кои само ќе ја збогатат фудбалската програма на четиридневното дружење.