Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсиал, веројатно ќе го пропушти мечот против Манчестер Сити како дел од 16. коло од англиската Премиер лига.
Во прашање беше учеството на францускиот напаѓач и на натпреварот против Тотенхем, а Оле Гунар Солскјер изјави и пред мечот дека Марсијал ќе пропушти некое време поради повреда на мускулите, што го става неговиот настап на градското дерби со Сити исто така под знак прашалник.

